Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

21  февруари 2020

21  февруари 2020

Скопје – Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со претставници на Европскиот парламент. (Собрание на РСМ, сала на Влада/15:00)

Скопје – Прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и претседателот на парламентарната група „Renew Europe“, Дациан Циолос. (Медија центар на Владата на РСМ/12:15)

Скопје – Прес-конференција на Стопанска комора на Македонија на тема: „Потенцијалите за унапредување на економската соработка со Република Италија“. (Стопанска комора на Македонија, сала 1, кат 5 / 11:30)

Скопје – Прес-конференција на политичките партии Алијанса за Албанците и Алтернатива на која официјално ќе го потпишат меѓупартискиот договор за заедничка коалиција за вонредните парламентарни избори, на која ќе се обратат Зиадин Села и Африм Гаши. (х. „Холидеј ин“ / 14:00)

Скопје – Одбележување 30 години од формирањето на првата политичка партија во Македонија – Македонска Акција МААК и 30 години од повеќепартискиот систем во Република Македонија. (Центар за култура (старо кино) во општина Ѓорче Петров / 19:00)

Скопје – Јавна дебата “Младите отворено со Дачиан Чолош за “МКвоЕУ“, во организација на Либерално-демократската младина, на која ќе говори лидерот на Renew Europe, како и Илхан Ќучук од либералната група во ЕП. (Јавна соба / 13:30, изјави за медиуми 13:20)

Скопје – Втор ден на меѓународната научна конференција „Мултилингвализмот и предизвиците на спроведувањето на Законот за јазиците во РСМ“, во организација на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. (х. „Холидеј ин“ / 9:00)

Крушево – Управата  за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, по повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчините јазици,  организира мултиетнички настан „Да ги слушнеме мајчините јазици!“. (СОУ „Наум Наумовски Борче“ / 15:00)

Скопје – Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) организира јавна седница на Комисијата за жалби. (хотел „Дрим“/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Агим Нухиу од ДУИ во врска со селективната правда и ветингот. (седиште на ДУИ во Чаир/11:00)

Скопје – Изведба на оперската претстава „Макбет“. (Национална опера и балет / 20:00)

Скопје – Прес-конференција по повод 56. „Мавровски Меморијал“. (простории на Агенција за млади и спорт / 11:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close