Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

12  февруари 2020

12  февруари 2020

Скопје – Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе го потпише указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. (Вила Водно / 13:00; Пристигнување на новинарските екипи во 12:30)

Скопје – Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе одржи две седници. (Сала „Борис Трајковски“ / 10:00 и 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала на Уставна комисија / 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4 / 12:00)

Скопје – Собраниската Законодавно-правна комисија ќе одржи четири седници: 235, 233, 223 и 231. (Сала 4 /12:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 10 / 14:00)

Скопје – Прес-конференција на премиерот Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски. (Медија-центар во Владата / 12:30)

Скопје – Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска ќе одржи прес-конференција. (Медија-центар во Владата / 10:00; Пристигнување на медиумите во 9:45)

Крива Паланка

Скопје – Седница на Уставен суд. (09:30, брифинг со новинари/13:00)

Скопје – Тркалезна маса на тема „Значењето на регулаторните институции за изградба на функционална пазарна економија во Република Северна Македонија“ во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ.  (МАНУ, мали сали / 10:00)

Охрид – Одбележување на почетокот на проектот „Нови можности за безбедни зимски авантуристички туризам“, поддржан од ЕУ.  (Граничен премин „Свети Наум“ /12:00; Поаѓање од пред Црвен крст Охрид /10:45)

Кочани – Општина Кочани организира работна средба со кочанските стопанственици и Агенцијата за вработување, на тема „Можности за усогласување на потребите за преквалификација и доквалификација на активните баратели на работа со стопанството“. (Ресторан „Амор“ / 13:00)

Скопје – Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, ќе извршат теренски увид на трим-патеката во општина Кисела Вода која ќе се реконструира. (Изјава за медиуми – ул. „Михаил Чаков“ бр. 7, до спортското игралиште во Кисела Вода / 10:00)

Скопје – Свечен бранч во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ). (Македонска берза АД Скопје / 12:00)

Штип – Промоција на книгата „Разводот на брак во европските земји“ коавторско дело на професори од правните факултети на државните универзитети во Скопје и Штип, проф. д-р Дејан Мицковиќ и доц. д-р Милица Шутова. (Правен факултет при УГД, конференциска сала/ 12:00)

Скопје – Изјава за медимуите на претставници на Единствена Македонија. (Пред службен влез на Собранието / 11:55)

Скопје – Форум театарска претстава на тема „Меѓуврсничко насилство (булинг)“ организирана како дел од програмата за Мировно образование при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. (Кинотека/12:30)

Скопје – Глобален женски појадок под мотото „Building bonds to create future leaders“ во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија. (Институт за хемија при Природно-математичкиот факултет)

Скопје – Промоција на монографијата „70 години Музеј на град Скопје“ (Музеј на град Скопје / 13:00) и видеопроекција и изложба (Музеј на град Скопје / 20:00)

Скопје – Прес-конференција на Кошаркарската федерација и „Триглав Осигурување“ АД – Скопје. (простории на Федерацијата/11:00)

______________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close