Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

1  февруари 2020

1  февруари 2020

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и тројцата европратеници, копретседавачи на Жан Моне Дијалог 3,  Шидер, Кјучук и Валсман ќе одржат прес-конференција. (Собрание на РСМ, Кристална сала / 13:00)

Скопје  – Прес-конференција на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Шаип Зенељи и претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите Станка Трајкова. (Влада на РСМ, Медија-центар /11:00)

Риека – Министерот за култура Хусни Исмаили ќе учествува и ќе се обрати на средбата на Советот на министри за култура на Југоисточна  Европа „Јакнење на културата во функција на одржливиот  развој“.

Скопје – Независниот синдикат на полицијата ќе одржи прес-конференција. (Пред Министерство за внатрешни работи / 12:00)

Радовиш –  Изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на Радовиш, како дел од акцијата „Мицкоски со граѓаните“. (пред фирма „Алфа инженеринг“, стар пат Радовиш-Струмица/14:50).

Струмица – Изјава на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. (пред градски пазар во Струмица/10:45)

Скопје – Прес-конференција на Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за економија на СДСМ. (седиште на СДСМ/12:00)

Струмица – Трибина на тема „Агенда земјоделство 20-24“ во организација на СДСМ. (Дом на АРМ / 13:00)

________________________________________________________________________________

 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close