Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

20 јануари 2020

20 јануари 2020

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (сала 6/13:00)

Скопје – Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. (сала Борис Трајковски/13:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (сала 4/12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала 10/14:00)

Скопје – Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе ја посетат ИТ компанијата „Докстим“, која е корисник на еден од инструментите на ФИТР. (улица „Пиринска“ бр.29, во близина на зградата на Граве Осигурување/11:15)

Скопје – Прес-конференција на дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска. (медија центар на Влада/10:00)

Скопје – Изјави на министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока за новите 13 возила наменети за поликлиниките во Скопје. (паркинг позади поликлиника Бит пазар/09:00)

Кочани –  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев ќе имаат средба со земјоделци од кочанскиот регион. (сала на општина Кочани/13:00)

Скопје – Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати, ќе оствари средба со амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок. (Уставен суд/13:00, сниматели и фоторепортери)

Скопје – Прес-конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев. (седиште на партијата/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Стопанската комора на Македонија на тема „Како максимално да се искористат капацитетите за соработка со Сојузна Република Германија како наш најголем партнер во меѓународната трговија?“. (Стопанска комора на Македонија/11:00)

Скопје – Тркалезна маса на тема „Препознавање и ракување со радикално поларизирачки јавен дискурс: етички и практични дилеми“, во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки. (хотел „Солун“/12:00)

__________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини**

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close