Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

17 јануари 2020

17 јануари 2020

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 126. и 123. седница. (Сала „Македонија“/11:00/13:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје – Седница на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. (Сала 4/11:00)

Скопје – Законодавно-правната комисија ќе ги одржи 220, 215, 221 и 199 -та седница. (Сала 10/11:45/11:55/12:00/12:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 6/12:00)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 25-тата седница. (Простории на ДКСК/12:00)

Скопје – Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, ќе одржат прес-конференција на која ќе бидат презентирани резултатите од реализацијата  на Оперативниот план на програми и мерки за вработување за 2019 година. (Влада на РСМ, медија центар/11:00) 

Кочани – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, директорот на Платежна агенција Николче Бабовски  и градоначалникот Горанчо Крстев, во посета на општина Чешиново-Облешево, село Соколарци, на работна средба со градоначалникот и посета на објект во кој се сместени 96 високостелни јуници со висок генетски потенцијал, набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој. (с.Соколарци, изјави за медиуми пред објектот каде се сместени јуниците/11:30)

Скопје – Прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на тема трансфер на вработените од јавен во приватен сектор. (простории на Министерството/13:00)

Скопје – Коалиција „Сите за правично судење“ како носител на проектот „За правда – Следење на спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството 2019 – 2020“ и партнерските организации: Фондација Отворено општество-Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Македонско здружение на млади правници, Институт за европски политики, Институт за човекови права и Центар за правни истражувања и анализи ќе одржи брифинг за новинари за правните последици од процесот на лустрација, како и за процесот на поништување на лустрацијата. (х.„Солун“/11:00)

Скопје – Работилница на тема „Ромите денес – Каде ќе бидеме утре“ во организација на Националниот ромски центар. (Поранешен ЕУ Инфо центар/10:00)

Скопје – Предавање на тема „Стрес – моќта на човечкиот деструктивен нагон“ од страна на проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар – епилептолог. (сала за кино проекции на Кинотеката/13:30)

Охрид – Свечено отворање на 8-та меѓународна научна конференција „Охрид-Водици, 2020“ која годинава се одржува на тема „Современите предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство“. (Музеј „Куќа на Уранија“/11:00)

Ќустендил – Изложба на слики на академскиот уметник Зоран Арсовски – Бабата. (Изложбен салон на Општинскиот Театар Ќустендил/17:00)

Скопје – Изведба на балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“. (НОБ/20:00)

__________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close