Најава на настани

МИА Најави МКД

9 јули 2020 

9 јули 2020 

Скопје – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, заедно со дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ во работна посета на „O2 MR Coffee Bar, првиот бар каде се служи на толковен јазик, отворен со поддршка од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. (ул. „Васил Главинов“ бр. 10, во близина на амбасадите на Кралството Шпанија и Кралството Шведска/11:00)

Скопје – Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски ќе има излагање на јавниот настан „Дигитални предизвици за општествена трансформација“. (Клуб на пратеници/11:00)

Охрид –  Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во работна посета на компанијата „Ентер“. (ул. „Јане Сандански“ 26/12:00), а директорот на ФИТР Јован Деспотовски ќе го посети Иновативниот хаб во рамки на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид и ќе оствари средба со претставниците на стартап заедницата. (13:00)

Скопје – Промоција на „Порој од пепел“ – четвртата стихозбирка на Исток Ј. Улчар. (МКЦ/20:00)

Скопје – Промоција на книгата „Мое виножито“ од Даниела Ангелова – Прнарова. (Бифе Тафталиџе/18:30, а ќе оди и LIVE STREAM, на фб страницата на КИЦ-Скопје)

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 

Скопје/Демир Хисар – Караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ја посети општина Шуто Оризари (19:00) и општина Демир Хисар (20:30)

Скопје – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Чаир (17:00), општина Аеродром (18:30) и општина Гази Баба (20:30)

– Носителот на ИЕ 1, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, ќе оствари средба со граѓаните во општина Аеродром (18:30) часот, а ќе присуствува  и на промоција на книга на платото пред МКЦ (20:00)

– Носителот на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе оствари средба со граѓаните на општина Чаир (17:00) и на општина Гази Баба (20:30).

– Носителот на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе оствари средба со жителите на с. Ногаевци општина Градско (21:00)

– Носителот на ИЕ 6, Дафина Стојаноска ќе даде изјава за медиуми пред Културен дом во општина Гостивар (11:30)

Скопје – Прес-конференција на Демократскиот сојуз, на која генералниот секретар Зоран Димитровски ќе зборува за настапот на Демократскиот сојуз на претстојните парламентарни избори, како и за одржувањето на претстојниот Шести конгрес на партијата и одбележувањето на јубилејот 20 години од формирањето на ДС. (пред седиштето на партијата на ул. „Стале Попов“ бр. 9/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Твоја партија. (на кејот на Вардар, зад Владата/10:00)

Скопје – Карванот на коалицијата „Никогаш северна, само Македонија во обиколка на скопските општини во склоп на ИЕ 1 и 2. Носителите на листи од ИЕ 1 и 2, проф. д-р Јове Кекеновски и Билјана Џинго на влезот, пред пазарчето во Општината Горче Петров ќе дадат изјави за заложбите од програмата за овие општини, како и ставови за актуелните случувања (10:00), потоа посета на граѓаните во општина Центар – Дебар маало и Буњаковец (12:00), а ќе продолжи и низ другите скопски населби во општините Гази Баба, Бутел, Карпош и Центар.

__________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close