Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

4 јули 2020

4 јули 2020 

Скопје – Делегации на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци – жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година. (Парк Жена Борец спроти Собранието на Македонија/10:00) 

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 

Крива Паланка/Дебар – Караванот на коалицијата „Можеме“ во Крива Паланка (19:00) и во Дебар (20:30).

Кавадарци – Прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев. (Мостот кај Ваташа/11:45)

Скопје – Прес-конференција на потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ 1 Дамјан Манчевски. (Седиште на СДСМ/10:00)  

Крива Паланка – Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љупчо Николовски ќе даде изјава за медиуми. (Влезот во Крива Паланка/9:30)

Скопје – Носителот на листа во ИЕ2 Оливер Спасовски ќе има средби со жителите на Општина Ѓорче Петров. (Изјава за медиумите во паркот Ѓорче Петров/11:30) 

Скопје – Носителката  на листа во ИЕ 2 од коалицијата „Можеме“ Сања Лукаревска ќе оствари средби со граѓаните во општина Бутел. (Изјава за медиумите во 11:30, кај кружниот тек во Бутел 1)
Делчево – Носителката на листа во ИЕ 3 Јагоди Шахпаска ќе даде изјава за медиумите.
(Плоштадот во Делчево/11:45) 
Скопје – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги посети општина Петровец (17:00), општина Илинден (18:00), општина Центар (19:00) и општина Кисела Вода (20:30).
Скопје – Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места: Носителот на ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова ќе ја посети општина Центар (19:00), а во 20:30 часот ќе ја посети општина Кисела Вода.

 

Куманово – Носителот на ИЕ2, Владо Мисајловски ќе ја посети општина Куманово. (Изјава за медиуми на игралиштето ФК „Евроспорт“/13:30)

Скопје/Лозово – Носителот на ИЕ3, Игор Јанушев, ќе ја посети  општина Лозово (9:45, предвидена е изјава за медиуми), општина Петровец (17:00) и општина Илинден (18:00). 

Прилеп/Кавадарци – Носителот на ИЕ 4, Александар Николоски ќе ја посети општина Прилеп. (Изјава за медиуми на Градскиот плоштад/12:00, изјави за медиумите ќе има и во 17:00 часот Рид 1, игралиштето кај старото училиште и во Општина Кавадарци, населба Љубош во 20:30 часот)

Тетово – Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска во општина Тетово ќе оствари средба со стопанственици од полошки регион заедно со Гордана Димитриеска Кочоска. (Ресторан „Принц“/17:30, по средбата предвидена е изјава за медиуми)

Прилеп – Караванот на Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“, ќе оствари средби со жителите на општина Прилеп.

– Носителот на листа во четвртата изборна единица и претседател на Единствена Македонија проф. д-р Јанко Бачев ќе даде изјава за медиумите пред општинскиот штаб на партијата на Плоштадот. (11:30)

Македонски Брод/Крушево/Демир Хисар/Ресен – Караванот на политичката платформа Македонски концепт ја продолжува посетата низ македонските градови. (Македонски Брод/10:00,  градски плоштад во Крушево/12:00, изјави за медиумите од Петар Богојески, промотор на Македонски концепт и од кандидатите за пратеници/12:15,  плоштад во Демир Хисар/17:00, плоштад во Ресен/19:00)

Тетово – Кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери, ќе оствари средба со градоначалниците на повеќе општини. (Простории на Општина Тетово/10:00, пристигнување на медиумите/9:45)

Гевгелија – Носителот на кандидатската листа на Левица во ИЕ 4, Бранко Ристов и  претседателот на партијата Димитар Апасиев ќе присуствуваат на отворање на канцеларија во ЛО Гевгелија. (Простории на ЛО Гевгелија/19:00)

Скопје – Прес-конференција на МОРО – Работничка партија. (Пред зграда на Влада/12:00)

___________________________________________________________________________

*МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close