Најава на настани

МИА Најави МКД

3 јули 2020

3 јули 2020 

Чучер Сандево – Премиерот Оливер Спасовски ќе ја посети Општина Чучер Сандево и ќе има средба со со градоначалникот Јован Пејковски (11:00). (Изјави за медиуми пред општинската зграда/11:30)

Скопје – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски ќе го посетат производствениот објект на компанијата „Мако маркет“. (Индустриска зона во Кисела Вода, бул. Борис Трајковски бр. 288/10:30, изјави за медиуми пред објектот на „Мако маркет“/11:00)

Скопје – Прес-конференција на министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на работната група за поддршка на преспанскиот регион, Едмонд Адеми. (Клуб на пратеници/11:00)

Скопје – ЦИВИЛ ќе одржи прес-конференција. (пред седиштето на ЦИВИЛ.ул. Максим Горки 31/12:00)

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 

Скопје/Тетово –  Караванот на коалицијата „Можеме“ во Гази Баба (19:00) и Теарце  (20:30)

 Скопје – Носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава за медиуми во следните населени места:

-претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Шуто Оризари (15:00) општина Сопиште  (17:00) општина Бутел (18:30), општина Карпош (20:30)

носителот на ИЕ1, Гордана Силјаноска Давкова ќе ја посети општина Сопиште (17:00), општина Карпош (20:30)

осителот на ИЕ2, Владо Мисајловски, ќе ги посети општина Шуто Оризари 15:00, општина Сопиште (17:00), општина Бутел (18:30), општина Карпош (20:30).

– носителот на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе ја посети општина Македонска Каменица (изјава за медиуми пред пазарот /9:45), посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево  (изјава за медиуми18.30) и средба со граѓани од месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново Делчево (19:30)

– носителот на ИЕ 4, Александар Николоски ќе ја посети општина Гевгелија (Изјава за медиуми на Конска Брана/17:45), средба со граѓани од месен комитет 6  (19:30), средба со граѓани од Миравци (21:30)

носителот на ИЕ 6, Дафина Стојаноска ќе оствари средба со учесниците на Маршот „Обновата победува“ во „Бејби Блу“, (изјава за меидуми 11:00), средба со граѓани во општина Брвеница, населено место Блаце (изјава за медиуми/17:30) 

Скопје – Кандидатите за пратеници од Коалицијата „Сега е Време” Алијанса и Алтернатива ќе одржат прес конференција. (Ветеното училиште во Визбегово/11:30)

Куманово – Kарванот на Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” со носителот на кандидатската листа за ИЕ бр 2. Јове Кекеновски и претседателот на политичката партија Единствена Македонија, Јанко Бачев ќе одржат прес-конференција. (Плоштад/19:00)

Штип – Граѓанско Демократската Унија ќе одржи прес-конференција.
(Плоштад „Слобода“/12:00)

Скопје – Кандидатот за прв Албанец премиер, Насер Зибери, ќе ја претстави младинската
политика на ДУИ. (Парк на општина Чаир, позади стадионот на КФ Шкупи/11:00)

____________________________________________________________________________________

*МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close