
1 јули 2020
Скопје – Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска ќе изврши увид во тековни активности за реновирање во Драмскиот театар. (Драмски театар, општина Карпош/10:30, изјава за медиуми по извршениот увид)
Охрид – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ги посети припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода. (11:00, пристигнување на медиумите на влезот на Кампот за обука на вода кај „Билјанини извори“/10:45, изјава за медиуми по посетата)
Скопје – Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе одржи прес конференција по повод „Една година МојДДВ со граѓаните”. (Двор на Генералната дирекција – Скопје, ул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1 /10:00)
Скопје – Сојузот на стопански комори на Македонија ќе одржи прес-конференција. (Пред ССК/10:30)
Скопје – Изјава на Фросина Ременски. (Пред зградата на Основното Јавно Обвинителство на Кеј Димитар Влахов/9:15)
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020
Пласница/Македонски Брод/Кичево/ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во посета на Пласница (17:00), митинг во Македонски Брод (18:30) и посета на Кичево (20:30)
-Носител на ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во 13:00 часот ќе оствари средба и прошетка преку плоштад Македонија, Камен Мост со кандидатот за пратеник од ИЕ 2 Рашела Мизрахи, каде што е прeдвидено да биде дадена изјава (пред Музеј на Македонската борба/ 13:15 часот)
-Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев на средба со жители на Општина Чашка во 21 часот.
-Носител на ИЕ 4, Александар Николоски на средба со жители на Општина Радовиш, Ораовица во 19:30 часот.
– Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 11:30 часот во Тетово на средба со Здружение на лица со инвалидитет, локација во близина на ресторан Принц, изјава за медиуми по завршување на настанот во 12:00 часот. Во 19:00 часот е предвидена изјава за медиуми заедно со коалицискиот партнер Фуркан Чако, локација Тетовчанка.
Тетово – Интегра ќе ги претстави кандидатите за ИЕ 6, носителката на листата за ИЕ 6 д-р Виолета Србиноска и ќе ја промовира Платформата. (Два Бреста/19:00)
Скопје – Прес-конференција на политичката платформа Македонски концепт на тема „Екологија и заштита на животна средина“. (Бензинска станица Црна Река – Петрол во Општина Илинден – Марино/10:00)
Тетово – Претседателот на ДПА Мендух Тачи ќе се сретне со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија Клеменс Која. (Седиште на ДПА/10:00)
Скопје – Прес конференцијата на коалицијата „Сега е време“. (Плоштад „Скендербег“/12.30)
Скопје – Изјава за медиуми на Бујар Османи од ДУИ. (Плоштад „Скендербег“/11:00)
_____________________________________________________
*МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***