Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

29 јуни 2020

29 јуни 2020

Скопје – Премиерот Оливер Спасовски, заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, ќе извршат увид во работите на спортската училишна сала во ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром. (11:00; Изјави за медиумите 11:30)

Скопје – Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, ќе имаат средба со менаџментот на компанијата Пакомак – корисници на инструментите од ФИТР. (простории на Пакомак, ул. „Партизански одреди“, Порта Влае блок 4, над Баду бар/10:30, по завршување на состанокот ќе следат изјави за медиумите околу 11:00)

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. (11:00; Изјава за медиумите 11:30)

Скопје – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за здравство Венко Филипче, ќе го посетат Меѓународниот аеродрoм Скопје и ќе имаат средба со менаџментот на ТАВ Македонија.(изјави за медиумите/13:00)

Скопје Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на која ќе присуствува и претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. (МВР, зграда бр.1/12:30) 

Штип – Прес-конференција на Првниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во врска со претстојните уписи и појаснување за електронско пријавување на нови студенти на Универзитетот. (пред просториите на Правниот факултет на УГД/10:00)

Скопје – Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) ќе ги соопшти добитниците на наградите за најдобри новинарски стории поврзани со известувањето за пандемијата на коронавирусот (КОВИД-19), предизвиците и последиците од неа. (на Фејсбук страницата на СЕММ/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Синдикатот на  работниците за сообраќај и врски на РС Македонија. (во просторијата бр. 711 на Синдикатот на железничарите на РСМ на новата железничка станица/10:00)

Скопје – Прес-конференција по повод првата работилница со претставници на ГО и Заедниците на станари од општина Кисела Вода во рамки на проектот „Преку Архус и Мастрихт до Еколошка транспарентна информација“. (простории на Општина Кисела Вода/15:30)

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

Дојран -Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе даде изјава за медиуми. (на плоштадот под јаворите/11:00)

Пробиштип – Носителката на листа од ИЕ 3 од Коалицијата „Можеме“, Јагода Шахпаска, ќе даде изјава за медиуми. (на Централен плоштад во Пробиштип/12.30) 

Гевгелија/Арачиново – Караванот на Коалицијата „Можеме“ ќе ги посети општините Гевгелија (19:00) и Арачиново (20:30)

Јегуновце/Брвеница/Ѓорче Петров/Куманово – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе ги посети општините Јегуновце (15:30), Брвеница (17:00), Ѓорче Петров (18:30) и Куманово (20:30)

Скопје/Куманово/Стар Дојран– Активности на носителите на ИЕ на Коалицијата „Обнова на Македонија“: носител на ИЕ1, проф д-р Гордана Силјановска Давкова,  мини митинг кај црквата во Нерези општина Карпош (19:00) и на мини митинг позади трговскиот Антико во паркот (20:00) 

-Носител на ИЕ2, Владо Мисајловски,  средба со жителите на општина Шуто Оризари улица Гарсија Лорка, (13:45, предвидена изјава за медиуми), и на митинзи во општина Ѓорче Петров (18:30) и во Куманово (20:30).

-Носител на ИЕ3, Игор Јанушев на состанок со Здружение на глуви лица во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ (16:00).

-Носител на ИЕ4, Александар Николоски, во  посета на штанд во Стар Дојран (13:15, предвидена изјава за медиуми).

Охрид – Прес-конференција на ГДУ, на која ќе се обрати претседателот Петар Колев, а ќе присуствуваат носителот на ГДУ во ИЕ 5, Даниел Јордановски и други членови на партијата. (пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на градот/11:00)

Скопје – Прес-конференција на проф. д-р Јове Кекеновски, носител на листа за пратеници од Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” во ИЕ 2, со дел од кандидатите за пратеници. (пред платото на Општина Бутел/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. (Изборниот штаб до плоштадот „Скендербег“/11:00)

Скопје – Демократската унија за интеграција (ДУИ) со својот кандидат за премиер ќе организира настан за презентација на владина програма.  (Пред Влада на РСМ / 12:00)

Прилеп Прес-конференција на  Бранко Ристов, носителот на листа за пратеници од Левица во ИЕ 4. (Пред влезот од рудникот Сивец на мермерен комбинат Прилеп/12:00)

__________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close