Најава на настани

МИА Најави – МКД 

26 јуни 2020 

26 јуни 2020 

Скопје –  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, ќе направат увид во градежните работи на нова градинка во Волково, Општина Ѓорче Петров. (Лево од центарот на Волково, улица „49“, после игралиштето „Бранители“ на 200 метри по патот од лева страна/ 11:00)

Скопје – Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска ќе оствари средби со претставници на здружението „Еснаф“ и со директорот на Градски трговски центар Ѓоко Трајчевски и претставници на здружението на стопанственици и дуќанџии на ГТЦ.

– Средба со претставници на здружението „Еснаф“, по што ќе направи обиколка на дуќаните во Старата скопска чаршија која ќе започне од хотел „Голд“, бул. „Крсте Мисирков“ кон „Универзитетот на Југоисточна Европа“, поранешна стоковна куќа „Мост“, (околу 11:45), по што медиумите ќе може да снимат изјава од вицепремиерката Царовска пред „УЈИЕ“, поранешна стоковна куќа „Мост“. (околу 12:00-12:20)

– Работна средба со директорот на Градски трговски центар, Ѓоко Трајчевски и претставници на Здружението на стопанственици и дуќанџии на ГТЦ, по што ќе следат изјави. („Зелена градина на ГТЦ“/14:00, изјави за медиуми околу 14:30)

Кочани – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски ќе даде изјава за медиуми. (Општина Кочани/12:30)

Скопје – Прес-конференција на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници МАТВП. (пред ССКМ/10:30)

Скопје – Промоцијата на едицијата „Препораки за предавање и учење за холокаустот“ подготвена на четири јазика од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. (во Институтот, сала „В. Вилсон“/11:00)

Скопје – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје организира онлајн дискусија насловена „Грижата за туѓото здравје е грижа и за своето“, како дел од кампањата Support.Don,t Punish. (19:00)

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Скопје – Кандидатот за пратеник и носител на листа во ИЕ2, Оливер Спасовски на средби во скопската општина Ѓорче Петров. (изјава за јавност 16:30 во паркот Ѓорче Петров, што ќе биде пренесувана во живо на неговата фан страница на Facebook).

– Носител во ИЕ 3 и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски во посета на Крупиште.  (11:00/ изјава кај клучката кај железничката пруга Ванчо Прќе)

– Носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ од ИЕ3, Јагода Шахпаска ќе даде изјава за медиумите на Плоштадот во Петровец. (12:30)

Тетово/Скопје – Караванот на Коалицијата „Можеме“ ќе ги посети општините Тетово (19:00) и Аеродром (20:30)

Демир Капија/Неготино/Кавадарци – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со носителот на ИЕ 4, Александар Николоски ќе ги посетат Општина Демир Капија (17:00), Општина Неготино (18:30)  и Општина Кавадарци (20:30)

– Носител на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова ќе оствари средба со млади во парк „Македонија“, Општина Кисела Вода (13:30), мини митинг во општина Кисела Вода, во паркот пред 11 Октомври бараките, последна 4-ка (19:00), мини митинг во општина Кисела Вода, Драчево паркот на Бранителите (20:00)

– Носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе оствари средба со пензионерите од општина Бутел, кај Трговскиот центар во близина на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, при што е предвидена изјава за медиуми (12:00) и на исто место трибина на отворено со здравствените работници (15:30)

-Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе ја посети Општина Штип, предвидено е прошетка низ пазарот од (10:00 до 11:30) по што ќе даде изјава за медиуми, а ќе присуствува и на УМС промоција, проекти за млади, парк „Макпетрол“ (12:30 до 13:30)

– Носител на ИЕ 5, Игор Дурловски, ќе даде изјава за проектот на заштита на фасади во центарот на Битола (09:00)

– Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, ќе го посети стопанскиот субјект во село Фалише општина Тетово (11:00), по завршување на настанот е предвидена изјава за медиуми (12:00) и ќе се одржи средба со жителите на општина Брвеница с. Стенче, каде што е предвидено изјава за медиуми (17:00)

Скопје – Прес-конференција на Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“, на која ќе информира за стартот и водењето на изборната кампања, а ќе се обратат и сите шест носители на листи. (пред Триумфалната капија/12:00)

Велес/Штип/Берово – Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде во Изборната единица 3.

– Изјави ќе дадат Петар Богојески, промотор на Македонски концепт, проф. Д-р Војо Беловски, носител на ИЕ 3 и Елизабета Костова – Бочварова, инженер по биологија. (во Велес, пред новата црква кај театарот/10:00, на градскиот плоштад во Штип/13:00 и на градскиот плоштад во Берово/16:30)

__________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close