Најава на настани

МИА Најави МКД

23 јуни 2020

23 јуни 2020 

Новаци – Вицепремиерката и минисерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева во работна посета на трафостаницата Битола 2 во Општина Новаци. (Изјави за медиумите/13:15)

Скопје – Трето предавање, проследено со разговор, од годинешата програма на КРИК – фестивал за критичка култура насловено: „Легитимизација на социјализмот: помеѓу корона вирусот, Маркс и Дионис Савопулос“, на Светлана Слапшак. (на Фејсбук страницата на фестивалот)

Скопје – Онлајн средба насловена „Лице в лице со новата Земја –  соочување“, на која ќе се разговара за можните сценарија на развој на нашето опкружување, и светот воопшто, по соочувањето со пандемијата, на локално и глобално ниво. (на платформата ZOOM/15:00-17:00)

Скопје – Отворање на самостојната изложба „НАТУРА“ на Тамара Забазноска. (Галерија МКЦ/20:00)

Скопје – Потпишување на Декларација за фер, слободни и демократски избори помеѓу претседателите на подмладоците на политичките партии. (х. „Порта/11:30)

Битола – ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата насловена Проект “Обнова”- се обврзуваме! (пред Домот на културата/13:00)

Скопје – Граѓанско Демократската Унија, со политички перформанс, ќе го најави своето прво учество на парламентарните избори во Република Северна Македонија, на кој ќе се обрати претседателот Петар Колев, а ќе присуствуваат и сите носители на изборни единици.  (Градски парк, близу до Фонтана/12:00)

__________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close