Најава на настани

МИА Најави МКД

22 јуни 2020 

22 јуни 2020 

Крива Паланка – Премиерот Оливер Спасовски, заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ во посета на Крива Паланка. (Изјава на премиерот Спасовски и градоначалникот Борјанчо Мицевски на градскиот плоштад во 12:30 / претставниците на Министерството за труд и социјална политика изјави ќе дадат пред детската градинка „Детелинка“- клон 2 во 13:00 часот)

Охрид – Заменичката на претседателот на владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во работна посета на Охрид. (Изјава за медиумите пред ЕМУЦ „Наум Охридски“/14:00)

Ресен – Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и директорот на Центарот за развој на Пелагониски плански регион Гого Видимче ќе извршат увид на финалните активности на проектот „Реконструкција и модернизација на регионален пазар во Ресен“. (11:30)

Битола –  Изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, во врска со порибувањето на акумулацијата Стрежево. (брана „Стрежево”, крајбрежниот појас во близина на командната зграда и шахтниот преливник на акумулацијата/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Факултетот за безбедност-Скопје за презентација на прелиминарни препораки за потребата од трансформација на безбедносниот систем за негово функционирање во кризна и вонредна состојба. (Музеј на македонската борба за самостојност /10:00)

Скопје – Прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев. (Седиште на СДСМ/12:00)

Скопје –  Прес-конференција на претставникот на ДУИ и градоначалник на Општина Кичево Фатмир Деари. (плоштад Скендербег/11:00) 

Скопје – Прес-конференција на Македонски концепт. (Градскиот парк, кај споменикот на Гоце Делчев.10:30)

__________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close