Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

9 јуни 2020

9 јуни 2020

Скопје – Прес-конференција ќе одржат министерката за финансии Нина Ангеловска и заменик министерката за финансии, Ширет Елези.(Влада/11:30)

Штрбово – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов ќе извршат увид во градежни работи:

– Санација на свлечиште на регионалниот пат Макази – Маркова Нога. (во близина на с. Штрбово/12:00)

– Изградба на заштитна ограда на обиколница Битола (13:00), изјави за медиуми се предвидени после тунелот на регионален пат Битола – Прилеп/13:00)

Скопје – Изјава на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. (Пред Влада/9:30)

Скопје – Прес-конференција на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. (пред објектот на седиштето на РКЕ, Палата „Лазар Поп Трајков“, изјава ќе даде Марко Бислимоски, претседател на РКЕ/13:00)

Гостивар – Состанок на Меѓуопштинскиот кризен штаб – Гостивар. (11:00)

Скопје – Промоција на книгата „101 живот” од Весна Мојсова Чепишевска. (во паркот пред КИЦ – Скопје/12:00, настанот ќе оди  Live stream, на ФБ страницата на КИЦ – Скопје)

Скопје – Предавање на светски познатиот италијански теоретичар, филозоф и активист Франко Берарди – Бифо со кое почнува годинешново петто издание на КРИК – фестивал на критичка култура во организација на Контрапункт насловено „Не можам да дишам – респираторен хаос и поезија“. (ФБ страница на фестивалот https://www.facebook.com/events/358203211808550 / 19:00)

Љубљана – Два концерти во рамки на меѓународната програма „Cross Štream“ на кој ќе настапат Кукла и Balans, а потоа нашиот Blackstate, нов експериментален музички проект креиран од искусниот текстописец-музичар и визуелен уметник Филип Тасевски – Фиц. (online преку youtube, платформата Zoom и https://www.facebook.com/events/573410320003912/)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close