Најава на настани

МИА Најави МКД

4 јуни 2020

4 јуни 2020

Скопје – Вицепремиерот за европски прашања  Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и евроамбасадорот Самуел Жбогар ќе одржат прес-конференција со која ќе ја одбележат испораката на преостанатите осум уреди за механичка вентилација и различни единици на лична заштитна опрема од поддршката на ЕУ за земјава за борба против КОВИД-19. (Пред Секретаријатот за европски прашања/13:00)

Скопје – Прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. (РКЕ/11:45)

Куманово – Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов ќе изврши увид во реконструкцијата на државниот пат А2, делница Куманово-Страцин (Фаза 2). (Изјава за медиумите спроти бензиската пумпа „Виена Петрол“ на патот од Куманово према Страцин/11:00)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. (Зоолошка градина/12:00)

Скопје – Промоција на книгите  „Волшебната авантура“ и „Одмаздата на богомолката“,од Оља Петрушевска -Томева во организација на Културно-Информативен центар-Скопје.  (Парк пред КИЦ-Скопје/12:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close