0_Инфопакет.ПорталНајава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

28 мај 2020

28 мај 2020

Карбинци – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев ќе присуствуваат на поставување  камен темелник на пречистителна станица за вода за пиење во општина Карбинци. (Кратка средба во општина Карбинци и поставување камен темелник на место викано „Висок врв“/11.30)

Скопје – Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор на странска помош во земјава, а во присуство на полскиот амбасадор Војциех Тицињски ќе ја прими донацијата која Република Полска ја обезбеди за нашата земја како поддршка во борбата против Ковид-19. (касарна „Илинден“/12:00, пристигнување на новинарските екипи најдоцна до 11:40 часот)

Скопје – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе изврши увид во инфраструктурни проекти во општина Ѓорче Петров. (изјави за медиумите во н.м. Волково, ул. 22/11:30)

Скопје – Прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова- директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висара Риза, директорка на Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљајдин Хавзиу, директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини, директор на Државен инспекторат за транспорт и Зоран Атанасов, директор на Агенција за храна и ветеринарство. (13:00) 

Скопје – Седница на Советот на Општина Карпош. (хол на ООУ „Лазо Трповски“)

Скопје – Прес-конференција на ДУИ во врска со третиот пакет економски мерки усвоени од Владата на Република Северна Македонија. (Седиште на ДУИ/12:00)

Охрид – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. (улица „15-ти Корпус“ (во близина на ресторан „Панорама“)/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија.  (пред ССКМ/10:30)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (пред МРТВ/10:00)

Скопје – Одбележување на Денот на менструалната хигиена под мотото „Менструацијата не запира за време на пандемија!!!“. (ТЦ „Бисер“/11:00)

Скопје – ФАО Вебинар: „Олабавување на рестрикциите – што следно со системите за храна?“. (директен линк за вклучување преку платформата Zoom/10:00-11:30)

Скопје – Women in Tech светска 24/7 онлајн конференција со над 150 светски лидери од 60 земји. (линкот до настанот: https://www.facebook.com/events/251476715959825/)

__________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close