Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

23 мај 2020

23 мај 2020

Кочани – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, ќе дадат изјави во врска со завршната фаза на сеидбата на оризот, откупната цена и наводнувањето на оризовите површини. (во кругот на компанијата Даниво ДООЕЛ, Кочани/12:00)

Струмица – Претседателот на СДСМ Зоран Заев во Струмица ќе одржи работна средба со кандидатите за пратеници од изборна единица 4. (Изјава за медиумите во 12:00 пред платото на Домот на АРМ во Струмица)

Скопје – Координативна средба на кандидатите за пратеници, за изборна единица 1, од коалицијата на СДСМ. (Изјави за медиуми на носителите на листата за пратеници за ИЕ1, Никола Димитров и Мила Царовска, пред ОО СДСМ Карпош / 11:00)
Скопје – Изјава за медиуми на Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. (пред просториите на Град Скопје /11:00) 
Скопје – ИНТЕГРА ќе одржи отворена интерактивна дебата за геостратегиите и геополитиките во регионот на Југоисточна Европа и осврт на ЕУ перспективите на РСМ.(11:55) 

Скопје – Прес-конференција на Синдикат на полиција во Македонија. (пред Влада на Република Северна Македонија/12:00)

Скопје – Прес-конференција на МОРО Работничката партија. (пред зградата на Владата/12:00)

____________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close