Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

15 мај 2020 

15 мај 2020 

Скопје – Владата на Република Северна Македонија ќе одржи седница. (12:30)

Скопје –  Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од претседателот на Владата Оливер Спасовски преку видеоконференција ќе се сретне со премиерите од земјите во рамки на Централноевропската иницијатива под Црногорското претседателство. (11:00)

Скопје – Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор за распределба на странска помош во земјава, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, австрискиот амбасадор Георг Вуцас, полициското аташе во амбасадата, Фридрих Хофбауер и конзулот Лукас Бахмаер ќе присуствуваат на примопредавање на донацијата, која Република Австрија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за земјава како поддршка во борбата против Ковид-19. (касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром / 12:00) 

Неготино – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска,  министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор  Кристијан Трајковски и градоначалникот на Неготино, Тони Делков, ќе извршат увид во градежните работи на социјална зграда. (ул. „Едвард Кардељ“ бр.52, Блок 1 / 12:00)

– Вицепремиерката Царовскаминистерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковскидиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Неготино, Тони Делков, ќе реализираат увид во оперативни работи на воспоставуваење систем за наводнување „Дисанско поле“ во село Горни Дисан. (Во близина на винаријата „Венец“ / 13:00)

Скопје – Дополнителниот заменик – министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски ќе даде изјава за медиуми. (пред МИОА / 11:00) 

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 30-тата седница. (10:00, не се предвидени изјави за медиуми)

Скопје – Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе даде изјава во пресрет на почетокот на активностите за изведба на новиот зелен и спортско – рекреативен центар во Карпош 3. (ОУ„Лазо Трповски“,  ул.„Радика“ бр. 9, Општина Карпош / 10:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе донира компјутери за учениците во  ОУ „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2. (изјава за медиуми / 11:00)

Скопје – Здружението „Добредојдовте“, Македонија Велхам центар пред „Родителската куќа“ наменета за родители чии деца подолго време се лекуваат во болница, ќе донира медицинска опрема наменета за потребите на децата од Универзитетска Клиника за детски болести во периодот на пандемија предизвикан од Ковид-19. (13:00)

Скопје – Пуштање на Дигиталната платформа, Временска банка која ја изработи Здружението на граѓани „Младите можат“ преку креатонот на Фондот за иновации и технолошки развој.

Скопје – Прес-конференција на претседателката на Одделот за економија при Алијанса за Албанците, Илире Даути. (12:00)

Скопје – Онлајн предавање на тема „16 Мај – Ден на ромскиот отпор во Аушвиц, жените и нивната улога во нацистичките кампови“ во организација на Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“. (Платформа Zoom / 16:00) 

Скопје – Претставата „Огнени јазици“ од Горан Стефановски, а во режија на Слободан Унковски ќе биде прикажана на Јутјуб каналот на Драмски театар Скопје. (20:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close