
14 мај 2020
Штип – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски ќе имаат изјави за опремување на бачилата со соодветна опрема во штипско Ново Село. (медиумските екипи треба да бидат на патот кај Бања Кежовица најдоцна до 10:45, изјави/11:00)
Скопје – Царинската управа во рамки на македонското претседателство со ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки, ќе го организира 19-тиот состанок на Поткомитетот за царина и потекло на стоки. (Состанокот ќе се одржи преку видео конференциска врска)
________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***