Најава на настани

МИА Најави МКД

26 февруари 2021 

26 февруари 2021 

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе положи венци со цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на неговата делегација, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Делегации на Кабинетот на Претседателот ќе положат цвеќе пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје – Министерот за цивилна заштита на Хеленската Република, Михалис Хрисохоидис во посета на МВР, тет-а-тет средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (инсерти, МВР/10:00)

Гостивар/Кичево – Министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик министерот Арафат Шабани ќе учествуваат на две одделни консултативни средби со претставници на компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта од Гостивар, Врапчишта, Кичево и Македонски Брод. (Општинска сала во Гостивар/10:00, х.„Арабела“ во Кичево/13:30, изјави за медиуми пред почетокот на работните средби)

Скопје – Здружението на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола и Пошта на Северна Македонија ќе одржат прес-конференција на која ќе ја промовираат новата поштенска марка посветена на ретките болести. (х.„Хилтон“/11:00 и https://www.facebook.com/LifeWithChallengesi)

Скопје – Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски ќе одржат прес-конференција. (Кеј на реката Вардар во Ѓорче Петров – кај пешачкиот мост кон Сарај/10:30) 

Скопје – Промоција на публикации за деца на манифестација посветена на обичајот„Мартинки“ – наследство на УНЕСКО во организација на Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“. (ТЦ„Капитол мол“, први кат/12:00)

Скопје – Изложба мултимедијална на група ученици од 4 година, оддел за мултимедијала Државно Средно Училиште за ликовна уметност и дизајн ДСУЛУД „ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ“. (Галерија „КО-РА“ – нов салон/18:00)

Скопје – Дискографската куќа ПМГЏЕЗ ќе одржи концерт посветен на рецентното издание на Јордан Костов Квинтет насловен „Come Back”. (МКЦ Кино Фросина)

________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close