
24 февруари 2021
Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)
Скопје – Собраниската Комисија за здравство ќе ги одржи 7 и 10 седница. (Сала 6/12:00/13:30)
Скопје – Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски ќе има средба со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија. (Сала на Влада/10:30)
Скопје – Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и директорот на Агенција на катастер на недвижности, Борис Тунџев, ќе одржат прес-конференција на која ќе го претстават новиот Гео портал на Националната инфраструктура за просторни податоци. (https://youtu.be/jDijrduU98g/9:45)
Куманово – Министерот за здравство Венко Филипче на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер. (Табановце, изјави за медиуми/13:30, пристигнување на медиумите/13:10)
Скопје – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на АД „Национални енергетски ресурси“ Бајрам Реџепи ќе извршат увид во изградбата на магистралниот гасовод од делницата Скопје-Тетово-Гостивар. (Во близина на нас.Пинтија/10:00, изјави за медиуми по завршување на увидот, пристигнување на медиумите пред бензинската станица на „Лукоил“ на бул. „Борис Трајковски“ 129-Пинтија/9:45)
Скопје – Министерката за образование и наука Мила Царовска, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ќе одржат консултативна средба со раководствата на скопските средни стручни училишта и со претставници на бизнис заедницата. (Музеј на современа уметност/11:00, изјави за медиуми пред почеток на средбата)
Скопје – Фондот за иновации и технолошки развој ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата Програма за корпоративна иновативност. (https://us02web.zoom.us/j/89029606446 и фејсбук на ФИТР/11:00)
Скопје – Втора сесија на Работната група 5 (Животна средина – Поглавје 27) од Националната конвенција за ЕУ во РСМ (НКЕУ-МК) на тема „Аерозагадувањето од аспект на загревањето на домаќинствата и јавните установи“. (https://us02web.zoom.us/j/86548806457/10:00)
Скопје – Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ ќе го промовира Извештајот од мониторингот на седум клучни институции за правата на потрошувачи и други резултати од проектот „Чувар на правдата за потрошувачите“. (х.„Мериот“, изјави за медиуми/11:00)
_________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***