Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

8 март 2020

8 март 2020

Скопје – Почнува тридневниот тинк тенк форум насловен „Стимулирање стратегиска автономија. Придонесот на Западен Балкан кон заедничка европска иднина“ во рамки на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес на Р. С. Македонија и Р. Бугарија, а во организација на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во соработка со софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР). (х.Дабл Три – Хилтон/15:00)

Скопје –  Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената организира марш за права на жените.( плоштад Филип II/12:00)

Скопје –  Тркалезна маса на тема „Успешна жена, силна Македонија“, чиј домаќин и иницијатор е Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ. (На Универзитетот за туризам/10:30)

Штип –  Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт и Шабан Трстена, спортски ментор и носител на златен олимписки медал во борење ќе дадат изјави по повод вториот спортски тренинг од настанот „Играј фер”, во организација на Агенцијата за млади и спорт. (во Боречки клуб Балканец/13:00)

Скопје – Заедничка прес-конференција на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и претседателот на СДСМ, Зоран Заев (Седиштето на СДСМ /11:00)

_____________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Back to top button
Close
Close