Најава на настани

МИА Најави МКД

6 март 2020

6 март 2020

Градско/Прилеп – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов ќе извршат увид во градежните активности на патот Градско – Прилеп, делница Раец – Фариш. (еден километар од населеното место Раец, изјави за медиуми/12:00)

Скопје – Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) организираат инфо сесија и презентација на вториот јавен повик „02 Предизвик 2“- Справување со климатски промени. (ФИТР, ГТЦ кат 1, спроти „Жена парк“/10:00)

Скопје – Прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија. (ССКМ/10:30)

Скопје – Граѓанската иницијатива „МОСТ“ организира панел-дискусија на тема „Штетното влијание на дезинформациите“. (х. „Александар Палас“, сала К2/14:00)

Скопје – Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) организира дијалог за политики „Ветинг – наметната или изводлива опција за Република Северна Македонија“. (х. „Арка“/10:00, изјави за медиуми по завршување на настанот/12:30)

Скопје – Прес-конференција на Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе. (Центар за социјална работа во општина Шуто Оризари/10:00)

Скопје – Прес-конференција на партијата „Единствена Македонија“. (седиште на партијата, ул. Даме Груев бр.10/13:30)

Скопје – Претставници на ДУИ ќе го посетат основното училиште „Емри Елези“ во општина Чаир. (11:00)

Скопје – Прес-конференција на Комисијата за економија на ДПА. (Седиште на ДПА/11:00)

Скопје – Единаесетто издание на Вечерите на Женски Права. (Младински културен центар, кино „Фросина“/19:00)

Скопје – Отворање на изложбата „ДЛУМ нова генерација на млади“. (Уметнички центар АРТ ХАБ, ГТЦ, кат 2, локал 306/20:00)

Скопје – Мултимедијална изложба на Илина Арсова. (НЛБ Галерија/20:00)

Гостивар – Прес-конференција на Гостиварски театар по повод првата претстава во 2020 година и првата професионална претстава на македонски јазим во Гостивар. (Дом на културата/13:00)

Битола – Промоција на книгата „Цивилното население во битолско за време на Првата светска војна“ од Мери Стојанова. (Завод и Музеј/12:00)

Скопје – Традиционална изложба на тема: „Цртам за мојата мајка“ на деца од предучилишните установи по повод 8 Март – Денот на жената. (Детски културен центар „Карпош“/10:00)

Тетово – Педагошкиот факултетот при Универзитетот во Тетово организира свечена манифестација по повод 7 Март – Ден на албанските учители и 8 Март – Меѓународниот ден на жената. (Педагошки факултет, Амфитеатар бр. 341/11:00)

Гостивар – По повод Денот на албанскиот учител, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе подели ваучери на учениците кои освоиле награди на литературниот конкурс. (кабинет на градоначалникот/11:00), а Секторот за образование ќе одржи прес-конференција. (прес-центар на општината/11:30)

Скопје – Четиринаесетта тортијада „Слатка мистерија 2020“. (ресторан „Аликас“ Визбегово/16:00-19:00, изјави за медиуми/18:00)

_____________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close