Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

4 март 2020

4 март 2020

Скопје – Средба на претседателот Стево Пендаровски со министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Христодулидес. (14:10)

Скопје – Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ќе одржат инфосесија за Владините мерки кои се однесуваат за млади лица. (Амфитеатар на Економски факултет при УКИМ / 11:00)

Скопје – Средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со министрите за надворешни работи на Полска – Јацек Чапутович, Летонија – Едгарс Ринкевич, Литванија – Линас Линкевичиус и заменик-министерот за европски прашања на Естонија – Март Волмер, кои се  претставници на групата земји членки на ЕУ „Пријателите на проширувањето“.

– Пристигнување во Министерството за надворешни работи  (8:55)

– Пленарни разговори  (9:00 – 9:45)

– Прес-конференција  (9:50 – 10:20)

Скопје – Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Република Кипар Никос Христодулидес, кој ќе престојува во прва официјална билатерална посета на ниво на МНР, на Република Северна Македонија.

– Пристигнување во Министерството за надворешни работи  (15:30)  

– Тет-а- тет средба Димитров – Христодулидес  (15:35 – 15:55)

– Пленарни разговори  (15:55 – 16:40)

– Изјави за медиумите (16:40 – 17:00)

Скопје – Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче. (Медија-центар во Владата / 11:30)

Скопје – Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимовски ќе одржи редовен месечен брифинг за новинарите и ќе даде изјава. (РКЕ, кат 6 / 10:00)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. (Сала за состаноци до Кабинетот на градоначалникот / 12:30)

Скопје – Изјава на Фросина Ременски пред Државната комисија за спречување на корупцијата. (9:15)

Гостивар – Д-р Фадил Цана, специјалист во Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје, ќе одржи предавање за коронавирусот и кои се најефикасните мерки за да се спречи неговото ширење. (Сала на Советот на Општина Гостивар / 12:00)

Скопје – Регионален форум за безбедност и здравје при работа во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија и Европскиот синдикален институт. (х. „Солун“, инсерти  9:00;  Прес-конференција /10:00)

Скопје – Одбележување на Светскиот инженерски ден во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. (Простории на Комората / 11:00)

Скопје – Општина Карпош организира средба со млади во пресрет на ресетирањето на Младинскиот совет. (Кафе-бар „Форца“, ул. „Лондонска“; Изјава на градоначалникот на Карпош Стефан Богоев / 12:30)

Скопје – Прес-конференција во ДУИ. (седиште на партијата во Чаир/11:00)

Скопје – Прес-конференцијата на генералниот секретар и шеф на Централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. (Седиште на Алијанса за Албанците, Скопје / 12:00)

Скопје – Изјава за медиумите организирана по средбата на политичката партија ДПА со Стопанската комора на северозападна Македонија. (Простории на СКСЗМ /12:40)

Скопје – Прес-конференција на партијата Единствена Македонија (Седиште на Единствена Македонија, ул. Даме Груев бр. 10 / 13:30)

Скопје – Прес-конференција на носителите на Независната листа на #Движењето Бојкотирам и други организации, за ИЕ1 Емилија Гелева и носителот за ИЕ 2 Игор Цветковски. (х.Опера хаус/12:00)

Битола – Прес-конференција на носителот на Независната листа за ИЕ 5, Петар Котевски. (Пред старо „Борово“ / 12:00)

Скопје – Средба со медиуми по повод отворањето на новиот tech hub Brainster space. (ул. „Васил Ѓорѓов“ 19, собирно место паркингот пред „Зебра“ / 10:30)

Скопје – Промоција на книгата „Тестамент од свила“ од Лулзим Хазири. (КИЦ, Изложбен салон – Империјал 2 / 19:19)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close