Најава на настани

МИА Најави МКД

29 февруари 2020

29 февруари 2020

Прилеп – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп. (Изјава за медиуми  во салата за откуп на Тутунски комбинат/11:00)

Скопје – Спортски настан „Играј фер”, во организација на Агенција за млади и спорт. (Фудбалско игралиште Локомотива/13:00; изјави за медиумите ќе дадат Дарко Каевски, Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ)

Скопје – Седница на Државната комисија за спречување на корупција. (Простории на ДКСК/10:00)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) по повод Второто годишно собрание на НСОН. (Х. „Континентал“/13:30)

Скопје – Научна расправа за учебниците по социологија и граѓанско образование за средно образование во организација на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет – Скопје и Здружението на социолози. (Свечена сала на Филозофски факултет/11:00)

Скопје – Деца со аутизам од Граѓанското здружение за лица со аутизам „Во мојот свет“ ќе бојат чаши и свеќници како дел од серијата настани „Од деца за деца“ во организација на Бугарската амбасада во Скопје. (Книжарница „Херои и Икона“/11:00)

Скопје – Граѓанско демократската унија и  Здружението Слободни граѓани ќе ја објават својата коалиција за претстојните парламентарни избори. (Х. „Хилтон“/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Граѓанската акција за Македонија – Излези и гласај! – парламентарни избори на која ќе го презентира проектот „Излези и гласај!“(„Култура на лично гласање“). (Центар за дизајн и информации – Јавна соба/17:00)

Скопје – Седницата на Централниот комитет на Единствена Македонија. (хот.„Континентал“, изјава за медиумите/13:30)

Скопје – Настан „Граѓанска платформа: Чекор напред – Македонски концепт“ на кој ќе биде објавен Граѓанскиот манифест на Македонски концепт, во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори. (КИЦ/19:00)

Скопје – Концерт „Ана Кап, Џијан Емин и Гудачи“. (Филхармонија, Камерна сала/20:00)

Скопје – Промоција на првата книга „Нецелесна“ од авторката Милица Пауновска, поддржана од Министерство за култура.(Аеродром Бар во Капитол Мол/18:00)

——————————————————————————————————————————————

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close