Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

28 февруари 2020

28 февруари 2020

Скопје – Премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче ќе се обратат на конференцијата „Секундарно и терцијално ниво на здравство“. (Влада на РСМ, свечена сала/10:00)

Куманово – Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе ја посетат компанијата „Босут“. (ул. „Народна револуција“ бр.350/10:00, изјави за медиуми/10:30-10:45)

Велес – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во рамки на своите редовни работни активности ќе го посети Секторот за внатрешни работи Велес. (Изјава за медиумите пред објектот на СВР Велес/11:45) 

Скопје – Прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче (Медија центар на Влада/9:45)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски ќе извршат увид во градежните работи на кружниот тек во село Волково. (село Волково, локација каде што се гради кружниот тек, изјави за медиуми/11:00)

Скопје – Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски ќе одржи прес-конференција на која ќе ја промовира новата интернет страница на МНР. (МНР/12:30)

Скопје – Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска ќе го посети Секторот за внатрешни работи Штип. (СВР-Штип/13:00)

Куманово – Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово Теута Бедиу – Рамадани ќе ги пуштат во употреба новите простории на ОЈО Куманово. (ОЈО Куманово/12:00)

Скопје – Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (10:30)

Чешиново-Облешево/Пробиштип – Инфо средби за ИПАРД Програмата 2014-2020  во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Општина Чешиново-Облешево, општинска сала/11:00, Општина Пробиштип, Дом на културата „Злетовски рудар“/15:00)

Охрид – Неформален состанок на директорите на царинските управи од земјите од Западен Балкан. (хотел Метропол/9:30)

Скопје – Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски ќе одржи прес-конференција. (РКЕ, 6 кат/11:30)

Скопје – Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ, при Факултетот за електротехника и информациските технологии во Скопје, ќе одржи јавна презентација на проектите реализирани во рамките на студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere INNO SAE. (Простории на ИНОФЕИТ/11:00)

Скопје – Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС ќе ја одржи 38. седница на Собранието на Комитетот и избори на функционери и членови на работни тела на Комитетот со мандат 2020-2023 година. (Музеј на Македонија, кино сала/11:30)

Скопје – Одборот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“ ќе одржи прес-конференција. (Ректорат на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“/10:00)

Штип – Научен симпозиум во организација на Факултетот за медицински науки на УГД на тема „Dermatology 2020“. (Мултимедијален центар на УГД, Економски факултет/10:00)

Скопје – Прес-конференција на Ширет Елези од Демократската унија за интеграција. (Седиште на ДУИ во Чаир/11:00)

Скопје – Промоција на аудио книга „На своја кожа продолжи со насмевка-ниво 1.0“ од авторот Мирослав Драганов. (ДХО Даре Џамбаз/12:00)

Скопје – Прикажување на дел од наградените кусометражни филмови од последното издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. (Кинотека/20:00)

Скопје – Изведба на балетската претстава „Лебедово езеро“ од П.И.Чајковски. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје – Фестивал Мозаик под мотото „Заедно сме посилни“. (СЦ „Борис Трајковски“/20:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе одржи маалска дружба на жителите од овој дел на Карпош на новото детско игралиште. (Во близина на слаткарницата „Рафаело“, во Тафталиџе 2, долж бул. „Партизански одреди“/10:00)

——————————————————————————————————————————————

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close