Најава на настани

МИА Најави МКД

17  февруари 2020 

17  февруари 2020 

Скопје – Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе даде изјава за медиумите по повод потпишувањето на Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.  (Кабинет на претседателот на Собранието/10:00)

Брисел – Владина делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во дводневна работна посета на Брисел.

Битола – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска ќе се обратат на трибината на тема „Дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија“. (Факултет за информатчки и комуникациски технологи-Битола, изјави за медиуми/13:00)

Скопје – Министерката за финансии Нина Ангеловска и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски ќе извршат увид во градбата на Корзото во општината и пристапната улица до него, финансирани преку Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП. (Градилиште на Корзото, кај ТЦ Емпориум, до Тинекс маркет, изјави за медиуми/10:30)

Скопје –  Стопанската комора на Македонија ќе одржи прес-конференција на тема „Барањата на бизнисот во оперативниот план за вработување за 2020 година на која ќе присуствува и директорката на Агенцијата за вработување на РСМ, Билјана Јовановска. (Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5 кат/11:00)

Скопје – Отворање на меѓународната недела „Иновации во хуманистичките и општествените науки“ во организација на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. (Филозофски факултет, амфитеатар 3/9:30)

Тетово – Одбележување на 25-годишнината од отворањето на првите предавања на Универзитетот во Тетово. (Универзитет во Тетово/10:00)

Скопје – Единствена Македонија ќе одржи прес-конференција. (Седиште на партијата, ул.„Даме Груев“ бр. 10/13:30)

Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (Пред Македонска радио телевизија/12:30)

Велес – Форум театарска претстава на тема „Меѓуврсничко насилство (Булинг) организирана како дел од програмата за Мировно образование при Првата детска амбасада во светот Меѓаши. (Театар „Јордан Х.К.Џинот“/12:00)

Скопје – Отворање изложба на калиграфија и калиграм од иранскиот уметник Мохамадреза Афшари. (Порта Македонија/13:00)

Скопје – Фестивал на современи ирански и македонски филмови на кој ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“. (Кинотека/18:00)

______________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close