Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

14 февруари 2020

14 февруари 2020 

Минхен – Претседателот Стево Пендаровски и министрите за одбрана Радмила Шекеринска и за надворешни работи Никола Димитров ќе учествуваат на 56–та Минхенска безбедносна конференција во Минхен, Сојузна Република Германија.

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 135. седница (11:00) и ќе ја почне 136. седница. (15:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 4/12:00)

Скопје – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорот на Државен студентски дом „Скопје” – Скопје, Дарио Николовски, ќе присуствуваат на отворањето на блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. (9:30, изјави за медиуми/9:45)

Неготино – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата, Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе го посетат тиквешкиот регион, Неготино, Кавадарци и Демир Капија, по повод празникот Св. Трифун.

– премиерот Спасовски и министерот  Димковски ќе присуствуваат на традиционалното закројување на лозовите насади на локацијата „Лепово“, по што е предвидена изјава за медиумите од министерот Димковски. (Локација Лепово/11:00, тргнување од Дрводекор спроти х.„Холидеј ин“/9:15)

– изјава за медиумите заменичката на претседателот на Владата, Мила Царовска. (Винарска визба Попова Кула, Демир Капија/10:00)

Скопје  Прес- конференција на министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД “Национални енергетски ресурси“  Бајрам Реџепи за Јавниот оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас. (Министерство за економија/10:30)

Кичео/Охрид – Дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска ќе го посети Секторот за внатрешни работи Охрид, како и други организациони единици во надлежност на овој Сектор за внатрешни работи (ПО Зајас,ПО Осломеј ,ПС Кичево,ПС Охрид и Езерска полиција во Охрид). (Изјава за медиумите во ПС Кичево/12:30)   

Скопје – Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот (НКСНЕБТ), Министерството за внатрешни работи во соработка со Делегацијата на Европската Унија и Карабиниери во соработка со Агенцијата „Studiare Sviluppo“ од Република Италија, ќе го претстават Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за координација во спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот“. (Влада на РСМ, свечена сала/9:30)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 27 седница. (ДКСК/12:00)

Неготино – Претседателот и генералниот секретар на СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски во посета на Тиквешкиот регион по повод празникот Св. Трифун. (изјава на Заев на градскиот плоштад во Неготино, кај фонтаната кај кафе „Амаро“/12:15)

Скопје – Стручна презентација на тема „Леукемија болест што се лекува„ на која д-р Светлана Кочева, ќе ги презентира податоците за успешноста на излекувани деца од педијатриски леукемии во земјава во организација на Универзитетската Клиника за детски болести.  (Амфитеатар во деканатот при Медицинскиот факултет/11:00)

Скопје – Евротинк-Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го презентираат петтиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за електронски комуникации. (хотел Солун/10:30)

Скопје/Ајватовци –Одбележувањето на големиот верски празник и празник на лозарите Свети Трифун

Божествена литургија во црквата „Свети Трифун“ (8:00)

-Во населеното место Ајватовци, во Општина Илинден по седми пат ќе се одржи традиционалниот „Саем на домашно вино“. (9:00)

Крушево – Второ издание на фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“ (Кога си во Крушево-зимата е тука“).

Скопје – Групна изложба „На работ“ на уметниците Ана Трајковска, Ива Станкова, Илија Прокопиев и Доротеј Нешковски. (Галерија Акантус/20:00)

______________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close