Најава на настани

МИА Најави МКД

13 февруари 2020

13 февруари 2020

Скопје – Арбер Исаку, член на Советот на Јавни обвинители, ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Собрание на РСМ, Охридска сала/10:00)

Скопје – Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе одржи две седници 75 и 77. (Сала 4/11:00/12:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 10/11:30)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала 6/14:00)

Скопје – Премиерот Оливер Спасовски и директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски ќе одржат прес-конференција. (Влада на РСМ, медија центар/10:00)

Париз – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во работна посета на Франција.

Брисел – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО.

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски ќе одржи прес-конференција. (МЗШВ/11:00)

Скопје – Дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе одржи прес-конференција. (МЗШВ/11:00)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи прес-конференција во врска со активностите во пресрет на предвремените парламентарни избори. (ДКСК/12:30)

Скопје – Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе објави синдикален проглас. (Простории на СОНК/13:00)

Скопје – Панел дискусија на тема „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ во организација на ЦИВИЛ. (х.„Сити Парк“/12:00)

Попова Шапка – Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Shar Outdoors, тур оператор за скијање во длабок снег, ќе претстават опрема за лавинска безбедност и безбедност при скијање во длабок снег. (х. „Скардус“/11:00)

Скопје – Прес – конференција на компанијата Макпетрол АД. (Бензинска станица на Макпетрол, „Партизанска“/12:00)

Тетово – Прес-конференција на Комисијата за млади и спорт на ДПА. (Спортски центар кај Нептун/10:45)

Скопје – Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и Никола Нешковски, директор на Еко Логик-Здружение за заштита и унпаредување на животната средината и промовирање на концептот за одржлив развој ќе потпишат Меморандум за воспоставување соработка. (Општина Центар, барака 6/12:00)

Скопје – Драмски театар Скопје ќе одржи прес-конференција по повод претставата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. (Драмски театар/11:00)

Скопје – Почнува манифестацијата Дебармаалски серенади – 2020, во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“. (17:00-21:00)

Скопје – Друштвото на писатели на Македонија ќе ги додели традиционалните книжевни награди на писателската асоцијација за 2019 година. (ДПМ/12:00)

Скопје – Промоција на книгата „Сценографското дело на Живојин Трајановиќ“ и изложба од уметничкото творештво на академскиот сликар-сценограф Живојин Трајановиќ. (Национална опера и балет, фојае/12:00)

Скопје – Промоција и разговор на тема „Ум за медиум; медиумите на крстопат“ во организација на Здружението Контрапункт и порталот за култура „Окно“. (Јавна соба/19:00)

Скопје – Промоција на новиот број на списанието „Големото стакло“. (Музеј на современа уметност/20:00)

Скопје – Ракометниот клуб Вардар ќе одржи прес-конференција пред натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Мотор (Украина). (СЦ „Јане Сандански“/12:00)

Гостивар – Мемориjален марш/маратон во чест на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа  кај с. Ласкарце.

-Поаѓање од Гостивар (4:45) 

-Старт од с.Ласкарце  (5:30 – 06:00, положување цвеќе)

-Клучката кај Групчин  (7:00 – 07:30)

-Наплатна рампа Желино (8:00 – 08:30)

– Наплатна рампа Тетово (11:00 – 11:30)

– Изјави за медиумите од градоначалникот Арбен Таравари

-Пристигнување во Гостивар околу 17:00– 17:30 часот на градскиот плоштад

Ќе се маршира по регионалниот Скопје-Тетово и по помошниот пат покрај авто-патот Тетово – Гостивар (десна/западна страна)

______________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close