Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

8 февруари 2020

8 февруари 2020

Свети Николе – Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство,Трајан Димковски, ќе ги додели договорите за јавниот оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за светиниколскиот регион. (сала на општина Свети Николе/11:30) 

Скопје – Прес-конференција на потпретседателка на СДСМ Мила Царовска на тема „Без Преспанскиот договор нема економски развој“. (Седиште на СДСМ/10:00)

Скопје – Промоција на Програма 2020-2024 на Зелена партија ДОМ. (х. „Сити Хол“/12:00)

Скопје – „Пчеларски симпозиум“ во организација на Пчеларската Федерација на Македонија (ПФМ), Здружението за социјално претприемништво и одржлив развој АПИСЕЕД (APISEED) Скопје и Здружението за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“ од Скопје. (во салата на ГОБ „8 Септември“, поранешна Воена болница/11:00)

Скопје – „Отворен ден“ на Џевахир Скај Сити. (10:00-16:00)

Скопје – Изведба на балетската претстава за деца „Петар Пан“. (Национална опера и балет/12:00)

Скопје – „Штурецот и мравката“, концерт наменет за најмладите. (Филхармонија/12:00)

Скопје – Во рамки на Денови на словенечка култура: 100 години од раѓањето на Франце Штиглиц – Прешернови денови ќе бидат прикажани филмовите „За душа“ (Кинотека/18:00) и „Долина на мирот“ (Кинотека/20:00)

Скопје – Второ коло од Балканската регионална лига за млади пинг понг играчи. (СЦ „Борис Трајковски“ во А1 Арена, мала сала/9:00)

_______________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close