Најава на настани

МИА Најави – МКД

24 јануари 2020

24 јануари 2020

Скопје – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе престојува во работна посета на земјава:

– пристигнување во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. (19:00-19:05, новинарски екипи најдоцна до 18:30)

– Тет-а-тет средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Европскиот совет, Мишел. (19:05-19:45)

– Прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателот на Европскиот совет. (19:45-20:10)

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 126. седница. (сала „Македонија“/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (сала 10/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (сала 4/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 10/11:15)

Скопје – Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот организира јавна расправа „Проблемите на повратниците од земјите на Европската Унија согласно реадмисионите договори“. (сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје – Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе го посетат средното училиште „Никола Карев“. (10:30)

Градско – Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со ИПАРД инфо карванот за Мерка 3 на средба со граѓани на Градско и околината. (Винарија „Стоби“/11:00)

Скопје – Фондот за иновации и технолошки развој ќе го презентира третиот јавен повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта „Предизвик за млади истражувачи 3“ кој се спроведува во соработка со МОН. (простории на ФИТР, ГТЦ, кат 1/10:00)

Скопје – Потпишување Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за национална безбедност и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. (простории на УКИМ/13:00)

Скопје – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 2-та јавна седница. (АВМУ, конференциска сала, кат 2/15:00, и 4-та седница/15:15)

Скопје – Прес-конференција на Цементарница „Усје“. (13:00)

Скопје – Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе учествува на симпозиумот на тема „Улогата на образованието во глобалниот мир и одржливиот развој“. (простории на Амфитеатар 1 на ФОН Универзитетот, бул. „Киро Глигоров“ бр. 5/10:30)

Скопје – Прес-конференција на Младинскиот форум на партијата Алтернатива. (седиште на Алтернатива, ТЦ „Мавровка“/11:00)

Скопје – Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје на средба со новинари ќе ги презентира наодите од мониторингот на Државната комисија за спречување на корупцијата. („Јавна Соба“/10:00)

Скопје – Прес-конференција на Здружението на граѓани за ретки болести. (х. „Сити Парк“, спроти фонтаната во Градски парк/11:00)

Скопје – Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира свеченост по повод одбележувањето на кинеската Нова година. (Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“/19:00)

Скопје –  Изјава на група делегати од општинските здруженија на глуви и наглуви лица. (пред Министерство за труд и социјална политика/11:30)

Ресен – Отворање на вториот училишен тоалет за управување со менструална хигиена. (ОУ „Гоце Делчев“/12:00)

Скопје – Националната опера и балет ќе ја изведе операта „Евгениј Онегин“. (Национална опера и балет/20:00)

Скопје – Дваесет години архив БузАр 2000–2020 и промоција на документарното видео за доајенот на македонската народна музика Благоја Дескоски. (Факултет за музичка уметност/12:00)

Скопје – Скопскиот џез фестивал организира традиционална јануарска годишна забава на која ќе бидат промовирани новите календари на СЏФ за 2020 година, а со своj настап ќе се претстави триото на џез-гитаристот Сашо Поповски. (МКЦ Клуб & Ресторан/20:30)

Скопје – Во рамки на третото издание на интермедијалниот фестивал „ArtArea“ ќе бидат промовирани романот „Пропаст“ од бугарскиот писател Владимир Зарев и романот „Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска. (кино „Култура“/19:30 и 20:30)

Скопје –  Најпознатиот македонски ракометар Кирил Лазаревски ќе го отвори Меѓународниот младински ракометен турнир КЛ7 2020. (спортска сала „Архиепископ Доситеј“, лоцирана во дворот на ООУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода/16:00)

Скопје – Почнува 11-тото издание на Меѓународниот турнир во мал фудбал во чест на Тоше Проески. (спортска сала „Форца“)

__________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close