Најава на настани

МИА Најави – МКД

23 јануари 2020

23 јануари 2020

Ерусалим –  Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе учествува на Форум во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот.

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Македонија“ / 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“ / 11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала „Борис Трајковски“ / 11:30)

Скопје – Делегација од Секретаријатот за европски прашања предводена од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ќе оствари средба со делегација предводена од директорот на Агенцијата за визуелни и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски. (Простории на АВМУ, инсерти 10:15-10:30; Изјави за медиуми во прес-центарот на кат 2 / 10:50)

Скопје – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорката на МЕПСО Ева Шуклева ќе извршат увид во реконструкција и модернизација на трансформаторска станица Скопје 4. (Пинтија / 10:00)

Лозово – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски ќе ја посетат општина Лозово, каде се во тек градежни активности за реконструкција и асфалтирање  улици и локални патишта. (Клучка на патот Каратманово – Милино, на експресниот пат Велес – Лозово; Изјави за медиуми / 14:00)

Битола – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со ИПАРД инфо карванот за Мерка 3 на средба со граѓаните и со претставници на претпријатија (микро, мали и средни) и заинтересирани задруги. (Сала на Советот на Општина Битола /11:00)

Скопје – Прва сесија од вториот циклус на Работната група 2 (Социјална политика и вработување – Поглавје 19) од Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) на тема „Перформансите на пазарот на трудот: меѓу очекувањата на работодавачите и на барателите на работа (вработените)“. (Клуб на пратеници / 9:30)

Скопје – Амбасадорите на Франција и на Германија во Скопје, Кристијан Тимоние и Томас Гербер, организиираат одбележување на 57-годишнината од Елисејскиот договор, со проекција на филмот „Тајната на дрвјата“ од Лик Жаке. (Кинотека / 19:00) 

Скопје – Прес-конференција на Транспаренси интернешнл – Македонија. (Канцеларија на ТИ – Македонија,  ул. „Наум Наумовски Борче“, бр. 58 /10:00)

Скопје – Годишна конференција во рамките на проектот „Заедно во борба против корупција“, во организација на Центарот за истражувачко новинарство заедно со Институтот за човекови права и Центарот за развој на медиумите на заедниците и со поддршка на Европската Унија. (х. „Холидеј ин“/10:00)

Скопје – Универзитетот ФОН организира брифинг за медиумите по повод симпозиумот „Улогата на образованието за глобалниот мир и одржливиот развој“.  (ФОН / 11:00)

Скопје – Концерт на Филхармонијата насловен „Ѕвездена музика“. (20:00)

__________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close