Најава на настани

МИА Најави – МКД

16 јануари 2020 

16 јануари 2020 

Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“/12:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија. (Сала 6/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 4/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/12:00)

Скопје – Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. Гранит Зоран Милковски ќе потпишат договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце. На настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. (Медија центар на Влада, изјави за медиуми на вицепремиерот Османи и министерот Сугарески/12:00, пристигнување на новинарските екипи/11:45)

Штип – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски ќе присуствуваат на јавната трибина на тема  „Дигитализација на јавните услуги“. (Сала на Општина Штип/12:00, изјави за медиуми пред почетокот на настанот)

Скопје – Дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ ќе одржи прес-конференција. (Медија центар на Влада/10:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ќе се обрати на тркалезната маса на тема „Состојби, предизвици и перспективи за решавање на проблемите со аерозагадувањето во Скопскиот плански регион“. (х.„Карпош“/10:00)

__________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Back to top button
Close
Close