
8 јануари 2020
Скопје – Седници на собраниската Законодавно – правна комисија. (Сала 4/11:00/11:15)
Скопје – Седница на собрансиката Комисија за транспорт и врски и екологија. (Сала 6/13:00)
Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче со претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски и претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Горан Беговиќ, ќе дадат изјава за медиумите. (Медија центар во Владата/10:00)
Скопје – Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловен Маршал, Стјуарт Пич во прва официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата.
– свечена церемонија со почести за дочек на платото пред МО и ГШ ( 9:25/фото и видео инсерти)
– средба со генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски (9:30/фото и видео инсерти)
– потпишување во книгата на впечатоци (9:45/фото и видео инсерти)
– средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска (9:50/фото и видео инсерти)
Скопје – Средба со новинари на директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ по повод претставување на идните планови на претпријатието и презентирање на капиталните инвестиции за 2020 година. („Јавна соба“ (Public Room) /11:30 )
__________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***