Најава на настани

МИА Најави – МКД

15 декември 2019

15 декември 2019

Скопје – Тркалезна маса на тема „Можности за регионална интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија“. Настанот ќе го отвори претседателот на државата Стево Пендаровски. (х. „Хилтон“/прес-конференција/11:30, отворање на настанот/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Либерално-демократската партија. (простории на партијата, ул. Васил Главинов 14-1/7/11:00)

Скопје – Националната Демократска Преродба (НДП) ќе го одржи својот втор партиски Конгрес. (х. „Хилтон“/12:00)

– Прес-конференција на претседателот на НДП. (13:30)

– Започнување на работата на Конгресот. (14:00)

Скопје – Граѓанско Демократската Унија-ГДУ ќе одржи седница на Националниот комитет. (х. „Холидеј ин“/13:00)

Тетово – Изборно Собрание на Подмладокот на Огранокот на Демократската партија на Албанците-Тетово. (Сала на општина Тетово/12:00)

Скопје – Во рамки на Фестивалот за критичка култура „КРИК 04“ ќе се одржи отворена јавна средба/разговор во чии рамки ќе се покренат прашања за состојбата, значењето и иднината на критиката во и современите уметнички практики. (Јавна соба/13:00-14:30)

Скопје – Промоција на првите четири изданија од едицијата сликовници за деца „Светулка“, во организација на издавачката куќа „Арт&Арт студио Батев“. (Детски креативен центар при МКЦ/12:00)

Скопје – Сојузот на турски невладини организации во земјава (MATUSITEB) организира церемонија за доделување награди „Награди YUCEL за Турците во Северна Македонија“. (х. „Стоун бриџ“/19:00)

_____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

Back to top button
Close
Close