Најава на настани

МИА Најави – МКД

10 декември 2019

10 декември 2019

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 10/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (Сала 10/14:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала 6/10:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 4/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правната комисија. (Сала 4/14:00)

Скопје – Собраниската Комисија за здравство ќе ги одржи 15.и 30. седница. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, ќе присуствуваат на промоцијата на стратегиите изработени од работни групи составени од МВР и Мисијата на ОБСЕ. (хот.„Александар палас“/ 9:30)

Скопје – Министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова ќе се обратат на конференцијата за промоција на програмата „Европски корпус на солидарноста“. (ЕУ Инфо центар/10:00)

Скопје – Стопанската комора на Македонија организира тркалезна маса на тема „Стратешки развој на туризмот и угостителството за поголеми економски ефекти“. (Стопанска комора на Македонија, сала 4 на петти кат/12:00, изјави за медиуми во 11:50)

Скопје – Прес-конференција по повод продолжување на проектот „Роса школи за родителство“ и потпишување меморандум за соработка меѓу Пивара Скопје и Министерството за здравство. (Поликлиника „Јане Сандански“/17:00)

Скопје – Панел-дискусија „Пристапност и достапност до контрацепција“ во организација на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА. (Парк хотел и Спа/12:30)

Скопје – Панел-дискусија „Правата на помалубројните заедници во Република Северна Македонија“ по повод Меѓународниот ден за човекови права. (х. „Холидеј Ин“/18:00)

Тетово – Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурат и Народниот правобранител Иџет Мемети ќе учествуваат на трибина организирана од Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, по повод Меѓународниот ден на човековите права. (Економски факултет, амфитеатар бр. 109/ 11:00)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе се обрати на настан за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. (хот.„Холидеј Ин“/11:00) 

Скопје – Прием по повод 10-тата  годишнина од основањето на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО). (х.„Хилтон Дабл Три“/18:00)

Скопје – Свечена академија на Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје по повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, кој се чествува и како Ден на Факултетот. (11:00)

Скопје – Финална вечер на Фестивалот на слободата, со кој ЦИВИЛ прославува 20 години постоење. (Музеј на Град Скопје/17:30)

Скопје –  Второ издание на меѓународната поетска манифестација „Антево слово“ и доделување на награди. (Центар за култура во Ѓорче Петров/19:00)

Скопје – Музичка манифестација „Музички смотри 2019“ на која слепи инструменталисти и вокални солисти ќе се натпреваруваат во изведби на традиционална македонски песни и новокомпонирани мелодии. (концертната сала на Домот на хуманитарните организации на Македонија „Даре Џамбаз“/ 18:00)

Париз – Изложба на тема „Влијанијата на Париската школа врз основоположниците на македонската модерна уметност“ од колекцијата на Националната галерија на Република Северна Македонија. (Амбасадата на РСМ во Република Франција/18:30 часот)

Скопје – Прес-конференција на Н.У. Театар за деца и младинци по повод премиерната изведба на младинската претстава „Касета“ во режија на Бесфорт Идризи, работена според истоимената драма на Денис Магнусон. (фоаје на Театар за деца и младинци/10:30)

Скопје – Изложба на изработки на ученици во рамки на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“. (Младински културен центар/11:30) 

Скопје – Со „Генерациски концерт“ ќе се одбележи 70 годишен јубилеј на АКУД „Мирче Ацев„ – Скопје. (Националната Опера и Балет/ 20:00) 

Скопје – Концертот на пијанистот Дино Имери насловeн „Зимска бајка“. (камерна сала на Филхармонија/20:00)

Скопје – Отворање на првиот фестивал „Недела на излозите“. (ресторан „Пелистер“/19:00)

Скопје – Проекција на холандскиот филм „Layla, M.“ на режисерката Мијке де Јонг со што ќе биде отворен Филмскиот фестивал „Movies that matter“. (Социјален клуб „Комитет“, катна гаража „Беко“/19:00) 

__________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close