Најава на настани

МИА Најави МКД

8 декември 2019 

8 декември 2019 

Скопје Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе одржи прес-конференција за сесијата и заклучоците на Венецијанската комисија поврзани со Законот за употреба на јазиците. (Простории на Секретаријатот за европски прашања/9:30 – пристигнување на новинарските екипи најдоцна до 09:15 часот)

Скопје – Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија. (Кристална сала на Собранието/12:00) 

Скопје – Света божествена литургија по повод празникот „Св, Климент Охридски“ со која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. (Соборен храм/9:00)

Брвеница/Босилово – Во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија – Проблеми, решенија и програма“ тимови на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Брвеница. (Центар на Брвеница, изјава за медиуми Бајрам Требишки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ/12:00) и Босиловоентар на Босилово, изјава на Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ/12:00).

Тетово – Изборно собрание на Огранокот на ДПА – Тетово (Дом на Култура-Тетово/17:00)

Скопје – Завршна вечер на фестивалот ТАКСИРАТ. (СЦ Борис Трајковски)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close