Најава на настани

МИА Најави МКД

7 декември 2019

Прилеп – Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот ан ТИРЗ Александар Младеновски ќе извршат увид на градежните работи на клучката пред ТИРЗ Прилеп. (10:30)

Скопје – Министерката за финансии Нина Ангеловска ќе ги посети изложувачите на саемот „Купи куќа, купи стан“ и ќе се обрати заедно со претставниците на Македонска банкарска асоцијација и Градежната комора при Сојузот на стопански комори. (Скопје Сити мол, влез од  страната на „Плеј кафе“ / 12:00)

Скопје – Општина Аеродром организира акција за садење дрвја, во присуство на градоначалникот Златко Марин. (Пред ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ / 11:30)

Дебар – Тимови на ВМРО-ДПМНЕ во посета на Дебар во рамки на кампањата „Разговори за обнова на Македонија – проблеми, решенија и програма“. (Изјава на Дафина Стојановска, член на ИК на партијата / во центарот на градот / 12:00)

Скопје – Седми хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата“, во организација на „Македонски вознес“. (Кинотека / 12:00)

Скопје – Премиера на претставата „Хумана приказна“ од Катерина Момева во режија на Бесфорт Идризи, во рамки на проектот „Мој омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“. (кино „Фросина“ / 20:00)

Скопје –  Концерт на мецосопранот Ана Синицки и пијанистот Борко Милојковиќ од Белград по повод чествувањето „Хавана слави 500 години основање“. (Филхармонија / 20:00)

Скопје – Главна вечер со 15 изведувачи на три сцени на фестивалот „Таксират“. (Спортски центар „Борис Трајковски“ / 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close