Најава на настани

МИА Најави МКД

6 декември 2019

6 декември 2019

Берлин – Претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествуваат на конференција „Балкански дијалози“ во Берлин.

Скопје – Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи продолженија на 17; 24; и 26. седница. (Сала 10/15:00/15:15/15:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/11:30)

Скопје – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ги додели сертификатите на родовите претставници и ќе присуствува на промоцијата на Упатството и Водичот за заштита од вознемирување на работно место. (Министерство за одбрана/11:00, изјави за медиуми по доделувањето на сертификатите, пристигнување на медиумите/10:45)

Скопје – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ќе ги презентираат резултатите од проектот за техничката соработка на ФАО „Оценка на земјоделското производство преку национално агро-еколошко зонирање и информативен систем за управување со земјишни ресурси, и развој на сценарија“. (х.„Арка“/9:00, обраќање на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски/9:30)

Битола – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Платежна агенција Николче Бабовски и градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска ќе присуствуваат на презентацијата на мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој за оваа година. (Општина Могила/12:30, изјави за медиуми пред општинската зграда/13:00)

Битола – Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ од Битола ќе потпишат Меморандум за соработка. (Универзитет „Св.Климент Охридски“-Битола/11:00)

Бон – Глобален форум за медиуми „Global Media Forum“ на тема „Pluralism. Populism. Journalism“ во организација на Дојче Веле. 

Скопје – Завршен настан на Мрежата и проектот „Кон одржлива регионална соработка-Берлинскиот процес и понатаму“ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. (МНР/10:00)

Скопје – Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Нино Васев ќе одржи брифинг со медиумите на тема „Работата на Клиниката во изминатата година и достапноста на новата иновативна терапија“. (Клиника за радиотерапија и онкологија, први кат/13:00)

Струмица/Штип – Комората на извршители на РСМ по повод проектот „Отворени денови со граѓаните“ организира средба со извршители. (Основен суд Штип/12:00-14:00)

Скопје – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе ја одржи 45. седница. (АВМУ/13:00)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и претставници од Архитектонски факултет и Градежен факултет ќе одржат прес-конференција. (Парк пред Архитектонскиот факултет/11:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе се обрати на манифестацијата Чествување за Никола Јонков Вапцаров по повод неговиот 110 роденден. (Општина Бутел/11:30)

Штип – Директорот на Францускиот институт Емануел Рембер ќе го посети Универзитеот „Гоце Делчев“ и ќе оствари средба со проректорот Мишко Џидров. (Универзитет „Гоце Делечв“, кабинет на проректорот/9:45)

Скопје – Презентација и прогласување на трите најдобри студентски решенија за искористување на отпадот како секундарна суровина во индустријата и за заштита на животната средина во организација на Центар за климатски промени. (Машински факултет, просторија К3-9/11:00)

Скопје – Јавна дебата на тема „Амнестијата и помилувањето, помеѓу правна и политичка одлука“ во организација на Центар за разбирање и институционална соработка (ЦРИС). (Општина Чаир/14:30)

Скопје – Свечена заклетва на американски волонтери во Република Северна Македонија. (Сити хол/12:00-13:00)

Битола – Македонско-словенечки доручек во организација на Амбасадата на Република Словенија. (Средно училиште Јосип Броз-Тито/11:00)

Скопје – Одбележување 75 години од основањето на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“.

Делегација на Владата, како и претставници на НУБ „Св.Климент Охридски“ ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во пресрет на државниот празник Свети Климент Охридски – 8 декември. (Пред Библиотеката/11:00)

Скопје – Доделување на признанието „Библиотека на годината“ во организација на Библиотекарското здружение на Македонија. (НУБ „Св.Климент Охридски“)

Скопје –  Доделување на прочистувачи на воздух. (Дневен центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет”,ул. Пролет бр. 39/11:00)

Скопје – Книжевно промотовина вечер со Оливера Ќорвезироска по повод нејзиниот роман „А`бт-роман длабок 18 метри“. (Кино Култура/20:00)

Скопје – Финална вечер на Фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“во организација на продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и Медиа“ од Битола. (Кинотека на Македонија/17:00)

Скопје – Ликовна манифестација на тема „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“-2019 во организација на Еуро Екопак. (Кинотека на Северна Македонија, нас.Карпош 3/13:00)

Тетово – Отворање на патувачка изложба „АРТ ФЕМ“. (Музеј на тетовскиот крај/12:00)

Скопје – Отворање на изложбата насловена „Пејзажи на совеста“. (Музеј на современа уметност/20:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Обоена колекција на радост“ на Сашо Блажески од Охрид. (КИЦ, Изложбен салон – Империјал 1/20:00)

Гевгелија –  Отворање на изложба на скулптури од галериски формат насловена „Рефлексија на диферентни модулации“, од авторот Слободан Милошески. (Пионерски дом/19:30) 

Охрид – Премиера на филмот „Дедо и внук“. (Центар за култура „Григор Прличев“)

Скопје – Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус. (Национална опера и балет, голема сцена/20:00)

_____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Back to top button
Close
Close