Најава на настани

МИА Најави МКД

5 декември 2019

5 декември 2019

Скопје – Седница на собраниската Комисија за култура.(Сала 6/10:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 6/14:00)

Скопје – Премиерот Зоран Заев заедно со заменик министерката за образование Елизабета Наумовска, ќе одржат средба со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и ќе направат увид на градежните работи за изведба на спортската сала при ООУ „Јоаким Крчовски’’ во село Волково. (ул. 102, село Волково, на патот кон село Орман, изјава за медиумите по увидот во 12:45).

Братислава – Делегација на Северна Македонија предводена од министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на 26-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Братислава, Словачка.

Прилеп – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети ИКТ Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување континуитет со работењето, по повод финализирањето на првата фаза од неговата изградба. (13:00, пристигнување на медиумите/12:40)

Охрид – Министерот за здравство Венко Филипче со ќе присуствува на отворањето на Центарот за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар во Општата болница. (Општа болница/10:00, изјави за медиуми по отворањето на Центарот)

Скопје – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ќе се обрати на промоцијата на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи“. (МЗШВ/11:00)

Тетово – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе изврши увид во реконструкција на водоводна мрежа во Општина Теарце. (Изјави за медиуми пред општинската зграда во Теарце/10:30)

Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која  ќе присуствуваат на конференцијата на тема „Стратегија за реформа на јавната администрација за 2018-2022 – идни предизвици“ на која ќе потпишат меморандум за соработка. (х.„Александар Палас“/10:30, изјави за медиуми/10:45)

Скопје – Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ја промовираат новата интернет страница. (Јавно обвинителство/11:15, не е предвидено снимање со камери)

Скопје – Генералното собрание на ЗЕЛС ќе ја одржи петата седница. (х.„Александар Палас“, конгресна сала 3, изјави за медиуми/12:00)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникокт на Општина Чаир, Висар Ганиу и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча ќе одржат прес-конференција по повод промоцијата на новиот парк во Топанско поле. (Меѓу ул.„Втора македонска биргада“ и ул.„Ферид Мурат“/11:30)

Скопје –  Завршна конференција „Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 (модул за судски мониторинг) во организација на Коалиција „Сите за правично судење. (х.„Холидеј ин“/11:00)

Скопје – Завршна конференција „Извозен акцелератор за мали и средни претпријатија“. (х.„Бест ВестернТурист/10:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и Центарот за современи уметности-Скопје ќе присуствуваат на промоцијата на урбано скулптурални инсталации насловени како Урбани топоними-акции наменета за зачувување на спомените на градот. (Рекорд, до Младинската канцеларија  на претседателот на РСМ-МладиХаб, изјави за медиуми/11:00)

Скопје –  Независниот Синдикат на полицијата ќе одржи прес – конференција. (пред Македонската Радио Телевзиија/12:00)

Штип – Денови на симулирано судење на Правниот факултет на УГД. (Изјави за медиуми/9:00-9:30)

Скопје – Доделување волонтерски награди за посебни достигнувања по повод  5-ти декември-Светскиот ден на волонтерството од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија. (Млади Хаб/12:00)

Скопје – Форум на тема „Пакување и транспорт на културни добра“ во организација на МНК Син штит и МНК ИКОМ. (НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност/12:00)

Скопје – Презентација на двата документа за јавни политики „Мигрантски движења и сузбивање на организираниот криминал во Југоисточна Европа:Зајакнување на идното вклучување на ЕУ-3Б“ и Емиграција и демографска промена во Југоисточна Европа“ во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“. (Јавна соба/11:00) 

Скопје – Трет Светиклиментов научен собир на тема „Словата и Словото“, во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“. (Свечената сала на Факултетот/9:15) 

Скопје – Предавање на тема „Семантика и деривација“ на проф. д-р Рајна Драгиќевиќ од Филолошкиот факултет при Универзитетот во Белград. (МАНУ, мали сали/12:00)

Скопје – Ромскикот културен медиа центар БАРИКАНИПЕ ќе ја промовира првата научна студија која се однесува на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна. (Библиотека „Браќа Миладиновци“/18:00)

Скопје – Промоција на книгата „Поезијата и возвишеното“ од Иван Џепароски. (Салон 19,19/19:19)

Скопје – Промоција на книгата „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов. (Книжарница „Литература.мк“/12:00)

Штип – Отворање на патувачка изложба „АРТ ФЕМ“ на Дороти Пачкова. (Дом на млади/12:00)

Скопје – Промоција на книгата есеи „Творецот и сотворецот“ од Марија Гиревска. (Друштво на писатели на Македонија/18:00) 

Скопје – Концерт насловен „Мистична деветка“ со виолинистката Фросина Богданоска. (Филхармонија)

Скопје – Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“ ќе одржи литературно читање од конкурс за најдобри творби „Учениците говорат за Егејската голгота“, во чест на одбележувањето на 70-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна во Грција.(Амфитеатар на средното фискултурно училиште ДУФК „Методи Митевски-Брицо“ /12:00)

Струга – Хуманитарен концерт за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Албанија во организација на ученици и професори од ПСУ Јахја Кемал и ПОУ Јахја Кемал Џуниор. (Дом на културата „Браќа Миладиновци“/16:00)

_____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close