Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

4 декември 2019

4 декември 2019

Лондон – Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на состанок на лидерите на НАТО во чест на 70-годишнината на Алијансата

Скопје – Посета на романска делегација, предводена од Јоан-Кристијан Киртеш, претседател на Групата за пријателство со Република Северна Македонија во Парламентот на Романија.

-Средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Стар кабинет/12:30-13:00)

-Средба со Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Емил Димитриев, претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите; Трајчо Димков, член на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. (Сала на Влада/13:05-13:45)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/14:00)

Берово – Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, амбасадорот на ЕУ,  Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Марко Мантованели ќе присуствуваат на промоцијата на подпроектот „Планински велосипедизам“ на здружението Малешевска корија. (х.„Манастир“/10:15)

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче ќе присуствува на потпишување договор за грант помеѓу Амбасадата на Јапонија и Медицинскиот факултет за набавка на нов дијагностички ултразвук за тироида и вратна регија. (Медицински факултет, Деканска сала, прв кат/11:00, пристигнување на медиумите/10:50, изјава за медиумите по потпишување на договорот)

Скопје – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и ќе информираат за подобрување на условите во детските градинки во општината. (Двор на детската градинка во Бутел 1, позади општинската зграда, изјави за медиуми/10:45)

Делчево – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе се сретне со пензионерите во Делчево. (Канцелариите на Здружението на пензионери на ул. „Трст”, б.б., кај новата црква и споменикот на Гоце Делчев/13:00)

Скопје  –  Уставниот суд ќе ја одржи 28-та седница. (Уставен суд/9:30)

Скопје – Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митковски и потпретседателот на Собранието Зеќир Рамчиловиќ ќе извршат увид во реализацијата на проектите кои се реализираат со средства од Програмата за рурален развој. (Во близина на Општина Петровец и складот за дрва „Караџица“/11:30)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претставници од Црвен крст на Град Скопје ќе го отворат првиот Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години. (ул.„Пролет“ бр.39, до Веро Џамбо/11:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ќе ја посети градинката „Мајски цвет“. (Градинка „Мајски цвет“, Тафталиџе 2, изјави за медиуми/10:30)

Скопје – Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и американската заменик-амбасадорка, Џенифер Р. Литлџон ќе го пуштат во употреба училишниот лифт за лица со физичка попреченост. (ООУ „Ѓорѓија Пулевски“/11:00)

Скопје – Панел дискусија за промоција на центрите за упатување жртви на сексуално насилство и стандардите за нивно функционирање во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. (Граѓански ресурсен центар/10:30)

Штип –   Настан за пошумување со топола и врба долж брегот на Река Брегалница под мотото „Засади топола и врба и сочувај ги крајречните шуми долж река Брегалница – 2019”. (во близина на село Софилари/11:00)

Скопје – Буџетски форум во организација на Општина Центар. (ООУ „Киро Глигоров“/18:00)

Скопје – Стопанската комора на Македонија, во соработка со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Техничкиот универзитет во Виена, организира конференција „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“. (х. Мериот/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Комора на сметководители на Македонија. (Сојуз на стопански комори на Македонија/11:00)

Скопје – Трета синдикална школа на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на тема „Улогата на синдикатот и значењето на синдикализмот во социо-економските текови во општеството“. (х.„Арка“, 3 кат/11:00)

Битола – Промоција и работна средба со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за поголемо искористување на можностите на Еразмус + програмата од студентите и професорите. (Универзитет „Св.Климент Охридски“-Битола, ректорат/11:00)

Скопје – Конститутивно-изборна седница на Собранието на Националното здружение „Храбро Срце“. (х.„Холидеј ин“/14:00, изјави за медиуми/14:45)

Скопје – „Запознај го Фондот за осигурување на депозити“ во организација на Фондот за осигурување за депозити и Македонската банкарска асоцијација. (Јавна соба/14:00)

Скопје – Завршна конференција во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022, модул за судски мониторинг во организација на Коалиција „Сите за правично судење“. (х.„Холидеј ин“/11:15) 

Скопје –  Прес-конференција на претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. (Собрание на РСМ/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Движењето БЕСА. л. Христијан Тодоровски – Карпош, бр.84А/13:00)

Скопје – Промоција на книгата Ерусалим – поклонички икони на платно во Македонија од 1794 до 1904 година од авторот д-р Снешка Лакалиска. (НУ Музеј на македонската борба/12:00)

Скопје – Авторска средба со Блаже Миневски по повод неговиот најнов роман „Мрежата на Мамли“. (Матица ексклузив/11:00-14:00)

Скопје – „Јас и ти, едно сме“ последна изложба од проектот „Уметност за сите“. (Чифте амам/12:00)

Скопје –  Отворање на уметничката галерија „Метаноја“ и изложбата „Бев загубен“ на Тони Попов во организација Издавачката куќа „Метаноја“ и „Балканскиот институт за вера и култура“. (ул.„Максим Горки“ бр.19/19:00)

Велес – Отворање на  изложба на ликовниот уметник од Куманово Дејан Божиновски. (Ликовен салон/19:00)

Скопје – Македонска премиера на претставата „Отело“ во режија на Нина Николиќ, копродукција меѓу Босанско народно позориште од Зеница и Македонскиот народен театар. (МНТ/20:00)

_____________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close