Најава на настани

МИА Најави МКД

3 декември 2019

3 декември 2019

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,Талат Џафери ќе одржи средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. (Стар кабинет/10:00)

Скопје – Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествуваат на Саемот и конференцијата „Ренекспо“. (х.„Александар Палас“/11:30)

Скопје – Министерот за економија, Крешник Бектеши ќе одржи прес-конференција на тема „Граѓански буџет на Министерството за економија за 2020 година“. (Влада на РСМ/медија центар/13:30)

Скопје – Изјава на министерката за финансии Нина Ангеловска за саемот Купи куќа, купи стан, по што ќе биде одржан и брифинг за новинари. (Скопје Сити Мол, внатре пред Плеј кафе/10:30)

Скопје – Народниот правобранител Иџет Мемети ќе се обрати на настан за Промоција на тимот на Народниот правобранител за мониторирање на имплементацијата на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, како и промоција на посебниот изшветај за остварување на правото на образование на децата со посебни образовни потреби. (х.„Арка“/10:00)

Скопје – Завршен настан на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на оперативните и институционални капацитети на Царинската управа“. (х.„Буши“/10:00)

Скопје – Панел дискусија „Како да се искористи пристапниот процес за подобрување на човековите права во регионот“ на вториот ден на форумот на граѓанското општество „Одбрана на европските вредности во процесот на пристапување“. (Младинскиот културен центар/15:00)

Тетово – Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнс ќе одржи предавање пред студентите и академскиот кадар во врска со интеграциите на тетовскиот Универзитет. (Тетовски универзитет, амфитеатар/13:00)

Скопје – Панел дискусија на тема „Рампа“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби во организација на ЦИВИЛ. (Музеј на град Скопје/12:00)

Скопје – Тркалезна маса на тема „Од акција до еднакви права на Ромите“ во организација на Асоцијација за демократски развој на Ромите-Сонце Тетово. (х.„Мериот“/10:30)

Скопје – Траклезна маса на која што ќе се разговара за идните чекори во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ во организација на Институтот за европска политика-Скопје. (Јавна соба, изјави за медиуми/13:15)

Скопје – Прес-конференција на неформалната организација „Стоп за извршителите“. (пред Министерство за Правда/11:45)

Скопје – По повод 3-ти декември, Меѓународен ден на лицата со попреченост, Здружението Хендикеп Плус и Музичката продукциска куќа АРП ќе одржат манифестација во рамки на проектот „Еднаков предизвик“. (Музеј на Народна борба/16:00)

Струмица – Хуманитарна манифестација под мотото „Моја-Твој-Наша Боја!“ по повод одбележување на 3 Декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост во организација на ЦПЛИП-ПОРАКА Струмица. (Дом на АРМ/18:00)

Скопје – Концерт на камерниот состав на Stegreif,orchester. (Македонска филхармонија/20:00)

___________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close