Најава на настани

МИА Најави МКД

26 ноември 2020

26 ноември 2020

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 22-та седница. (Голема сала/11:00)

Скопје – Неформална средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со претставници на медиумите. (сала на Уставна комисија/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (сала 6/10:00)

Скопје – Седница  на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/10:30)

Скопје – Седница на собраниската Комисија  за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (сала 6/13:00)

Ранковце – Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николоски министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа ќе присуствуваат на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд“. По обиколката на халите, ќе има можност за новинарски прашања за премиерот Заев и за присутните министри („Интернешанал фреш фуд“, село Гиновци/10:00).

Крива Паланка – Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, ќе изврши увид на работните активности на патот Крива Паланка – Деве Баир. По увидот се предвидени изјави за медиумите. (Еден километар од граничниот премин со Бугарија https://goo.gl/maps/FA8KTzuz5QB7de9bA/11:30)

Скопје – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе се обрати на отворањето на Лабораторијата за кризен менаџмент.на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. (касарна „Гоце Делчев“, нас. Аеродром/11:00, медиумите да пристигнат најдоцна до 10:40)

Скопје – Виртуелната промоција на првата инвестиција од Бизнис Акцелераторот УКИМ во македонска старт ап компанија. (https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_KIEej4U8QX6rIcU_tjifpw?fbclid=IwAR1INdsh4vJb7ripBITkbFI6i8pfQZ0LT8avQTQSzp0sVYxOmOgNFz3 /12:00)

Скопје – Шести FMCG Summit 2020, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. (онлајн/9:30)

Скопје – Националниот комитет – ИКОМОС Македонија и МАПЕИ, Бугарија организираат онлајн регионален форум-вебинар на тема: „Заштита на недвижното архитектонско наследство од влијанието на подземната влага“. (на платформата ZOOM https://us02web.zoom.us/j/8168502659?pwd=RzRjTExRVkk4N1laclJ3WUMzUlNQQT09 /17:00)

Скопје – Дебата на тема „Кинодистрибуцијата во време на глобална пандемија (проблеми и предизвици)“. (Џебното кино на Младинскиот културен центар/http://afidi.org/cineindustry/11:00)

Скопје – Во рамки на 45-тото издание на МОТ ќе биде претставен перформансот „Скринсејвер“ – кореографско дело на Александар Георгиев. (Младински културен центар, главна сала/19:30)

Скопје – Роденденски концерт на Филхармонијата насловен „Колаж“ на кој како солист ќе настапи руската виолончелистка Анастасија Кобекина. (Филхармонија/20:00)

__________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close