Најава на настани

МИА Најави МКД

19 септември 2020

19 септември 2020

Скопје – Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе ја посетат Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата. (10:00, по посетата предвидени се изјави за медиумми/10:15)

Скопје – Министерот за надворешни работи Бујар Османи  ќе одржи тематска прес-конференција, на која ќе ја претстави мандатната мисија на МНР во следните четири години. (МНР/11:00, медиумите да пристигнат најдоцна во 10:50)

Скопје – Вицепремиерот за економски прашања Фатмири Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе се обратат на прес-конференцијата на ФИТР на која ќе бидат презентирани резултатите и компаниите кои добија поддршка на Јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19. (онлајн пренесувана во живо од Медија центарот на Владата/12:00)

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче ќе присуствува на настанот по повод „Златен септември“, месец посветен на зголемување на свесноста за детските малигнитети. (Плоштад „Македонија“/11:00)

Скопје – Прес-конференција на  градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. (на ул. „Никола Парапунов“ во Карпош, кај крстосницата со бул. „Илинден“/11:00)

Скопје – Кариерен Tech самит, онлајн едукативен настан во организација на Women in Tech Macedonia. (11:00-15:00)

Скопје – Во рамките на 19. издание на Фестивалот на европски филм – Cinedays ќе бидат прикажани филмовите „Клетници“ и „Кожурец“ (кино Градски парк / 20:30 и 22:30), „Сите тие убави коњи“ и „Њујорк: Аџилак“ (Парк Ибни Пајко / 20:00 и 22:00), „Сирена во Париз“ и „Зулу 3.4“ (кино МКЦ Парк / 21:00 и 23:00), „Уште една тура“, „Проксима“ (кино Влае / 20:00 и 22:00)

Скопје – Бендот New Order и фотографот Антон Корбeјн ќе го отворат шестото издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити. (Кинотека/19:00)

Скопје – 13-ти ПАНФИЗ фестивал. (пред МНТ, платото на северозападната тераса/20:00)

Битола – Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. (Завод и Музеј, пацио/18:30)

Скопје – Меѓународен фолклорен фестивал за деца „Оро без граници 2020“. (на ФБ страната на ЈУ Детски културен центар Карпош и youtube каналот/12:00)

Берово – „Малешевска корија – Спорт авантура 2020“ настан со две планински велосипедизам – „МТБ“ тури, низ многу атрактивни предели на Берово и неговата околина за рекреативци и спортисти.

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close