Најава на настани

МИА Најави МКД

18 септември 2020

МИА Најави МКД

18 септември 2020

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери со унгарскиот амбасадор, Н.Е. Лазло Истван. (стар Кабинет/10:00)

Скопје – Посета на Гент Цакај, овластен министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија. (Собрание на РСМ, сала на Влада/11:30)

Скопје – Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ќе одржи брифинг за новинари. (на отворено во Клуб на пратеници/12:00)

Скопје – Прес-конференција на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. (на отворено, на терасата на кат 8 во зградата на МЖСПП/11:00)

Скопје – Прес-конференција на пратеникот Xалил Снопче од Коалицијата  Алијанса за Албанците и Алтернатива. (Собрание, прес центар/12:00)

Скопје – Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на работна средба со министерот за финансии, Фатмир Бесими. (Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат/10:00)

Скопје – Конференција за Проектот „ТРАИНЕЕ“ и за придобивките за компаниите и професионалците од градежниот сектор, како и за пазарно препознавање на вештините за ЕЕ и користењето на ОИЕ. (х. „Александар Палас“/11:00, изјава за медиумите/11:30)

Скопје – „Инвеститорски ден“ на Берзата, односно ден каде домашните физички лица ќе можат да тргуваат со акции без провизии.

Скопје – Прес-конференција на Студентското собрание на Економски факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј”. (во кампусот на УКИМ, пред Економски факултет и споменикот на „Св.Кирил и Методиј”/11:00)

Скопје – Протестен марш против поскапувањето на струјата. (тргнување од „Чаирчанка“/19:00)

Скопје – Во рамките на 19. издание на Фестивалот на европски филм – Cinedays ќе биде прикажан филмот „Стела“. (кино Градски парк/20:30)

Битола – Фестивал на „Музика од светот“, музичко-актерски перформанс „Патеки“. (Хераклеа/19:30)

Охрид – Шесто издание на Интернационалниот танцов камп и фестивал „Битрикс Танцова Лига“. (под отворено небо, на сцената на „Долни Сарај“)

Демир Капија – Во рамки на одбележување на Европска недела на мобилност, во реализација на Здружение на граѓани Еко Логик преку програмата Вело Училишта ќе се одржи Вело Родео настан. (Градски парк, кај игралиштето/16:00-19:00)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close