Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

17 септември 2020

17 септември 2020

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 12. седница. (11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)

Скопје – Проштална средба на италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео со претседателот на Собранието Талат Џафери. (Стар кабинет/10:00)

Скопје – Овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај во официјална посета на Република Северна Македонија:

– Пристигнување на Цакај во Министерството за надворешни работи. (фото/видео инсерти/11:50),

– тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи.  (фото/видео инсерти пред почетокот на средбата, Кабинет на МНР/11:55-12:55),

– прес-конференција на Османи и Цакај (приземје, хол на МНР/13:00-13:40)

Скопје – Прес-конференција на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. (11:00)

Скопје – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ќе ја отвори работилницата за разгледување на нацрт на Студија со секторска анализа на земјоделието и руралниот развој наменета за Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија за периодот 2020-2029 година. (х. „Александар Палас“/10:00)

Скопје – Изјава за медиумите на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. (Пред зградата на РКЕ/13:00)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин. (На крстосницата меѓу булевар „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“ во близина на Рамстор/11:30)

Скопје – Фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс центарот за европски студии од Брисел организираат експертска панел дискусија: „Катедра Аденауер 2020: Постизборни предизвици и ЕУ перспективи”. (Ragusa Rooftop, Катна гаража „26 Јули“, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ 1/1/6-3/10:00)

Скопје – Прес-конференција на законскиот застапник на Здружението МАККАНАБИС Скопје Костадин Дуковски. (пред главниот влез на Собранието/14:00)

Скопје – Симпозиум на Здружението на судска медицина на тема „Предлог законски измени на Законот за вештаци“. (во отворениот простор на Кинотека, ул. „Никола Русински“ бр. 1/10:00)

Скопје – Седма конференција за неуспесите на успешните „iFail (Јас Грешам)“. (ГТЦ, Зелена градина, кат 2/19:00)

Скопје – Обуки за интегритет и заштита од корупција во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, финансиран од Европската Унија. (обуките ќе се одржуваат во две онлајн сесии – четврток и петок/10:00-13:00).

Скопје – Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски ќе им додели сертификати на наставниците кои дадоа особен придонес во реализацијата на учењето од далечина .(во дворот на ОУ ,,Живко Брајковски“/10:30)

Скопје – Концерт на Филхармонија со израелската виолончелистка Даниеле Акта. (20:00)

Скопје – Отворање на Европската филмска платформа наменета за филмска едукација на младите. (на платформата ZOOM/10:00)

Скопје – Почнува 14-то издание на МТФ СкупиФестивал 2020. (Куршумли ан во Скопска чаршија/20:00)

Скопје – Изложба на слики „Најнови портрети 2020“ од Дејан Божиновски – Коска. (КИЦ, Изложбен салон – Империјал 2)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close