Најава на настани

МИА Најави МКД

10 септември 2020

10 септември 2020 

Битола – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски ќе изврши увид на проектите во рамки на Пелагонискиот плански регион и ќе учествува на 23-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. (х.„Епинал“/13:00, изјави за медиуми: 10:30/Дом на културата од страна на Грчки конзулат со организиран превоз до Голема Ливада, 12:00 во Градски Парк кај Детско игралиште и 12:45/х. „Епинал“)

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши  ќе оствари официјална работна средба со претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска. (Простории на Сојузот на стопански комори на Македонија, изјави за медиуми пред почетокот на средбата пред ССК/11:00)

Скопје – Економски форум Општините и граѓаните кон подобар буџет „Мои пари моја одговорност“: Партиципативно буџетирање во општините во организација на Finance Think – Economic Research & Policy Institute. (х.„Мериот“/13:00, изјави за медиуми/12:45)

Битола – Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ)  Елгафар Јусуфи ќе ги промовираат новите правилници за директно снабдување.(Општина Могила, изјави за медиуми/12:00)

Скопје – Независната угостителска комора организира конференција на тема „Дебатен
форум-НА ИСТА СТРАНА“. (х.„Хилтон“/13:00, изјави за медиуми на почетокот на конференцијата)

Скопје – Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард Банка ќе одржи прес-конференција. (Паркинг на Веро Џамбо, спроти Народната Банка/18:00)

Скопје – Јавна онлајн трибина на тема „Дигитализација и образование“, во организација  на Здружението за едукација, комуникации и консалтинг „ОХО“ – Битола. (13:30)

Скопје – Онлајн разговор на тема „Зависности кај деца и млади во време на пандемија” во организација на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. (Фејсбук страна на ХОПС/19:00)

Скопје – Поетска манифестација „Празник на липите“ во организација на Друштвото на писатели на Македонија. (Плато пред МКЦ/12:00)

Битола – Изложба „Куќи за сонување и соништа“ – цкулус уметнички дела на Слободан Рејчевски. (КЦ Магаза/19:30)

Скопје – Авалон продукција ќе одржи прес-конференција по повод претстојното издание на фестивалот SKOPJE CALLING Macedonia`s finest editio. (Стадион на АРМ/11:00)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close