Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

7 септември 2020 

7 септември 2020 

Скопје – Средба на претседателот на Владата, Зоран Заев и владиниот економски тим со претставници на Сојузот на синдикати. (зграда на ССМ со адреса на ул. „12-та Македонска ударна бригада“ 2А, на шести спрат/ 14:00/Изјави за медиуми пред почетокот на средбата)

Скопје – Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ на прес-конференција ќе презентира наоди од истражувањето за состојбата со правата на децата во земјава. (ООУ„Стив Наумов“ во Автокоманда /11:00)

Скопје – Свеченост по повод одбележувањето на десеттиот патронат на здравствената институција, ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“. вечена сала на болницата/13:00)

Куманово – Тимот на Рурална коалиција на прес-конференција ќе соопшти резултати од извештајот за младинската вклученост во креирањето локални политики. (ресторан „Грација“ / 11:00)

Велес – Прес-конференција на Бобан Кочовски, член на Централниот комитет на Левица, на тема „Започнување на постапката за избрканите работници од АД Стоби – Велес“. (Пред канцеларијата на Левица, ул.„Страшо Пинџур“ бр.4, зад судот / 12:15)

Битола – Прес-конференција за музичко-сценска манифестација „Незаборав“ за Драган Каранфиловски-Бојс. (Совет на Општина Битола /11:00)

Скопје – Онлајн-дискусија на тема „Обична криза, системска криза и иднината на знаењето во контекст на пандемијата КОВИД-19 и нејзините последици” во организација на Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата – Локомотива. (20:00)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Back to top button
Close
Close