Најава на настани

МИА Најави МКД

21 август 2020

21 август 2020

Скопје – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски  ќе остварат средба со началникот на Генералштабот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роб Бауер.

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Востаничка“ во Кисела Вода. (До маркетот Рептил/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСС). (На крстосницата на семафорот меѓу ТЦ „Мавровка“ и Судска палата/14:05)

Скопје – Свеченото отворање на првиот Интернационален фестивал на детската креативност „Трамболини“ во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. (Градски парк, Школка/19:00)

Охрид – Н.У. Театар за деца и младинци од Скопје ќе гостува на јубилејното 60. издание на фестивалот „Охридско лето“ со претставата „Јованче и Марика“, во режија на Давор Драгојевиќ. (Сцена Долни Сарај/20:00)

Охрид – Отворање на 32-то издание на „Поетска ноќ во Велестово“ со настап на „Скопје гитар трио“, предводено од Дарко Багески.  (с. Велестово/21:00)

Охрид – Отворање на изложба на академскиот скулптор Димитар Филиповски во рамки на 32. „Поетска ноќ во Велестово“. (Трем на црквата „Успение на Св. Богородица“/22:00)

_________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close