Најава на настани

МИА Најави МКД

12 јули 2020

12 јули 2020

Битола – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски ќе даде изјава за медиуми за консолидација на земјиште. (во дворот на основното училиште во с. Логоварди/10:00)

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 

 Скопје/Битола – Караванот на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе ја посети општина Кисела Вода (19:00) и општина Битола (20:30)

Карбинци/Пробиштип/Штип – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со бизнис секторот во Штип. (хотел „Оаза“/13:00, изјава за медиуми/14:15), а ќе оствари средба и со просветни работници. (парк пред поранешен Ректорат/14:30). Ќе има средба и со жители на Карбинци (17:00), Пробиштип (18:30) и Штип (20:30)

– Носителот на ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова  ќе присуствува на потпишување на Меморандум за разбирање и соработка со Анима Мунди – Здружение за заштита на животни, локација Бруклински, Дебар Маало (11:00)

– Носителот на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе даде изјава за медиуми на плоштадот во центарот на општина Куманово (13:15)

– Носителот на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе присуствува на трибина со доктор Сашко Кедев во паркот под болницата Пролече, во Штип (10:00), ќе присуствува на трибина заедно со Зоран Љутков, претседател за култура и Ганка Самоилова.(парк пред Домот на културата, кај Музејот на холокаустот/12:00), а потоа ќе го придружува Мицкоски во Карбинци, Пробиштип и во Штип.

– Носителот на ИЕ 4, Александар Николоски, ќе оствари средба со граѓаните на општина Росоман (12:00) и  со жителите на с. Муртино, општина Струмица (20:30).

– Носителот на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, ќе даде изјава за медиуми пред Русино, општина Гостивар (10:30)

Скопје – Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и кандидатот за прв албански премиер Насер Зибери заедно со кандидатите за пратеници во сите шест изборни единици ќе се обратат пред медиумите. (пред Собрание на РСМ/11:00, новинарските екипи да пристигнат до 10:45)

Скопје – Прес-конференција на претседателот на ГДУ, Петар Колев  и на сите носители на изборни единици и кандидати за пратеници. (Градски парк, фонтана/13:00)

Охрид/Битола – Карванот на Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” во Охрид ја завршува изборната активност со обраќање на носителите на листите во сите изборни единици (на Плоштадот/14:00), а во Битола обраќање ќе има и носителот во ИЕ 5 и лидерот на Единствена Македонија проф. Јанко Бачев. (на Плоштадот пред Домот на културата/20:30)

 

_____________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close